![Makita AC001G Instruction Manual Download Page 252](http://html1.mh-extra.com/html/makita/ac001g/ac001g_instruction-manual_3849303252.webp)
252
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел:
AC001G
л/мин. @ 0,62 MPa
(л/мин. @ 6,2 bar)
34 л/мин.
Минимален притисок
0,72 MPa (7,2 bar)
Максимален притисок
0,93 MPa (9,3 bar)
Максимален притисок на излезот
0,93 MPa (9,3 bar)
Дијаметар x Должина x Количество
36 мм x 30 мм x 1
Вртежи во минута на моторот
6.000 мин.
-1
Големина на резервоарот
7,6 Л
Подмачкување
Без масло
Номинален напон
D.C. 36 V - 40 V макс.
Димензии (Д x Ш x В)
302 мм x 434 мм x 382 мм
Нето тежина
11,6 - 12,2 кг
•
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на
промена без најава.
•
Спецификациите и касетата за батеријата може да се разликуваат од држава до држава.
Применлива касета за батерија и полнач
Касета за батерија
BL4020 / BL4025 / BL4040* / BL4050F*
* : Препорачана батерија
Полнач
DC40RA/DC40RB/DC40RC
•
Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот
во кој живеете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги само касетите за батерии и полначите на Makita наведени погоре.
Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.
НАПОМЕНА:
Касетата за батеријата и полначот не се вклучени.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Прочитајте го упатството за користење.
Посветете особена грижа и внимание.
Ризик од струен удар.
Внимание: пред да се извршува каква
било работа на компресорот, касетата за
батерија мора да се извади.
Ризик од високи температури.
Внимание: компресорот содржи некои
делови што може да достигнат високи
температури.
Ризик од случајно стартување.
Внимание, компресорот може да се стартува
автоматски во случај на снемување струја и
последователно ресетирање.
Носете безбедносни очила.
Носете заштита за ушите.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите во Европа
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, отпадната електрична и
електронска опрема, акумулаторите и
батериите може да влијаат негативно
врз животната средина и човековото
здравје.
Не фрлајте ги електричните и
електронските апарати или батериите во
домашниот отпад!
Во согласност со Европската директива
за фрлање електрична и електронска
опрема, акумулатори, батерии и
отпадни акумулатори и батерии, како
и нивната адаптација во државниот
закон, отпадната електрична опрема,
батериите и акумулаторите треба да
се чуваат одделно и да се достават на
посебно место за собирање општински
отпад, во согласност со прописите за
заштита на животната средина.
Ова е означено со симболот на
пречкртана корпа за отпадоци ставен на
опремата.