269
ГАРАНТНА ИЗЈАВА – ОПШТИ ГАРАНТНИ УСЛОВИ
1.Општи гарантни услови:
Клима уредите кои ги увезуваме ,технички и сигуросно се проверуваат во текот на производниот
процес за што постои и документација издадена од производителот.И покрај може да се случи
уредот да покаже дефект и заради тоа пожелно е да бидете запознаети со условите под кои важи
гаранцијата:
-
Гаранцијата е валидна за недостатоци и дефекти кои се последица на фабрички грешки или кои
настанале во текот на гарантниот рок,при нормална употреба на производот и почитување на
техничките и упатствата за употреба.
-
Поправките и резервните делови во гарантниот рок се бесплатни за клиентите ,освен за случаите за
кои ќе се утврди дека не се запазени условите дадени во оваа гаранција.
-
Гаранцијата се признава исклучиво со приложување на гарантниот лист,уредно пополнет со
сите податоци,марка,модел,сериски броеви на внатрешната и надворешната единица,датум на
продажба,печат и потпис на продавачот,датум на извршена монтажа,печат и потпис на овластениот
монтажер,фискална сметка,фактура (за правни лица)или договор за кредит.
-
Доколку поправката за клима уредот од познати причини трае подолго од пропишаниот рок од
30 дена ,истиот ќе биде заменет со нов или доколку производството на моделот е прекинато со
содветен модел без оглед на цената на купениот производ.
-
Со оваа гаранција не се загрозени правата кои ги имате како потрошувачи кои произлегуваат од
националното законодавство.
-
Трговците,продавачите и авторизираните монтажни центри немаат право да ги менуваат или на било
каков друг начин да ги толкуваат условите на оваа гаранција
2.Пријавување дефект
-
Пријавувањето на дефект се врши кај овластениот монтажер кој ја извржил монтажата.
-
Овластениот монтажер е должен да го пријави повикот кај централниот сервисен центар.
-
Расходите за демонтажа,монтажа и транспорт на клима уредот при потреба за доставување на
климата во централниот сервис се на сметка на овластениот монтажер.
-
Клима уредот ќе биде примен од страна на овластениот сервис исклучиво со читко и целосно
пополнет гарантен лист и со приложена фискална сметка,фактура (за правни лица)или договор за
кредит.
-
Непополнет гарантен лист води до поништување на гарантниот лист.
3.Гарантен рок
-
Гарантниот рок започнува од датумот на монтажа,но не покасно од 3 месеци од датумот на купување.
-
Гарантниот рок се запазува исклучиво со годишно редовно одржување на клима уредот,што не е
предмет на бесплатна гаранциска услуга и истото се наплаќа од клиентот од страна на овластениот
монтажер.Со годишната контрола се продолжува гарантниот рок на клима уредот за 12 месеци,се
до истекување на рокот.Годишното одржување се спроведува со цел да се избегне запушувањето
како на внатрешната така и на надворешната единица,проверка или замена на филтри,контрола на
количеството на фреон и евентуално дополнување,чистење на клима уредот и сл.
-
Клиентот е дожен сам да го побара овластениот монтажер за извршување на редовното
одржување,пред истекот на годишната гаранција.Во спротивно гарантниот рок на уредот е 12
месеци.
-
При извршување на редовната контрола,монтажерот е должен да го пополни купонот за таа намена
и да го продолжи гарантниот рок за 12 месеци.
Бесплатните гаранциски услуги можат да бидат откажани во случаи кога:
-
постои несоодветност помеѓу податоците на гарантниот лист и/или на клима уредот
-
има обид за преправки на податоците на гатантниот лист и/или на клима уредот
-
не се исполнети условите за транспорт,монтажа и експлоатација.
-
клима уредот не одговара според моќноста и можностите во однос на големината на просторијата
каде е монтирана.
-
има обиди за поправка или демонтажа на клима уредот од страна на неовластени лица.
-
дефектите се настанати од неправилна употреба на клима уредот или преоптоварување.
Содержание TT37AF-1232IAW
Страница 353: ......
Страница 354: ...www tesla info ...