245
MK
Внимание: Ризик од пожар
Упатство за употреба
Прочитајте го техничкиот
прирачник
16.
Информациi за сервисирање:
1. Проверка на просторот
Пред да започнете со работа на системи што содржат запаливи средства за ладење, неопходно е да
се извршат безбедносни проверки за да се уверите дека ризикот од палење е минимизиран. Кога
го поправате системот за ладење и пред да извршите каква било работа на системот, преземете ги
следниве мерки на претпазливост.
2. Постапка за работа
Работите се изведуваат со контролирана постапка за да се минимизира ризикот од присуство на
запалив гас или пареи за време на извршувањето на работата.
3. Општ работен простор
Целиот персонал за одржување, како и сите лица кои се во непосредна близина, треба да бидат
информирани за природата на извршената работа. Избегнувајте работа во затворен простор.
Просторот околу местото на изведба на работата мора да биде одвоен. Осигурете се дека условите во
просторот се безбедни со контролирање на запалив материјал.
4. Проверка на присутво на средство за ладење
Проверете го просторот пред и за време на работата со соодветен детектор за средство за ладење
за да бидете сигурни дека техничарот е запознаен со присуството на потенцијално запаливи гасови.
Осигурете се дека опремата што се користи за откривање протекување е соодветна за изведување
на работа со запаливи средства за ладење, т.е. да не се создаваат искри, да е со соодветни заптивки и
инхерентно безбедна.
5. Присуство на противпожарни апарати
Ако работата што треба да се изврши на опремата за ладење или на кој било друг придружен елемент
подразбира присуство на висока температура, неопходно е соодветната опрема за противпожарна
заштита да биде достапна во непосредна близина. Осигурете се дека во близина на местото каде што
се спроведува полнење има противпожарен апарат со сув прав или CO2.
6. Нема извор на палење
Лицето кое врши работи врз системите за ладење, што подразбира изложување на која било цевка на
надворешни услови, не смее да користи никаков извор на палење на начин што може да резултира во
опасност од пожар или експлозија. Чувајте ги сите можни извори на палење, вклучително и пушење
цигари, на доволно растојание од местото за инсталација, поправка, празнење и отстранување, што
може потенцијално да го ослободи средство за ладење во околината. Пред да започнете со работа,
проверете ја областа околу опремата за да бидете сигурни дека нема опасност или ризик од палење.
Поставете ознаки „Забрането пушење“.
7. Проветрување на просторот
Пред да го отворите системот или да започнете со работа што создава висока темепература,
проверете дали просторијата е на отворено или соодветно проветрена. Одржувајте одреден степен
на вентилација во текот на целиот период на работа. Со вентилацијата треба да се разреди секоја
концентрација на средството за ладење и, ако е можно, да се испушти во надворешното опкружување.
8. Проверка на опремата за ладење
Кога ги заменувате електричните компоненти, новите компоненти мора да бидат погодни за намена и
да одговараат на соодветната спецификација. Упатството за одржување и сервисирање наведено од
производителот мора секогаш да се следи. Ако не сте сигурни, контактирајте го техничкиот оддел на
производителот за помош.
Кај инсталации каде што се користат запаливи средства за ладење, мора да се извршат следниве
проверки:
- Количеството на средството кое се надополнува да биде во согласност со димензиите на
просторијата каде што се вградени делови што содржат средство за ладење;
- Опремата и отворите за вентилација функционираат правилно и не се блокирани;
- Ако се користи индиректна инсталација за ладење, проверете го присуството на средството за
ладење во рамките на секундарнaтa инсталација;
- Ознаките на опремата мора да останат видливи и читливи. Нечитливите ознаки и знаци мора да
бидат санирани;
- Инсталирајте ја цевката за ладење или компонентите на места каде што веројатно нема да бидат
изложени на дејство на супстанции што можат да ги кородираат компонентите со средството за
ладење, освен ако споменатите компоненти се изработени од материјали кои се својствено отпорни
на корозија или кои се соодветно заштитени од корозија.
9. Проверки на електрични уреди
Поправката и одржувањето на електричните компоненти вклучуваат процедури за првични проверки
на безбедноста и контрола на компонентите. Во случај на дефект кој може да ја загрози безбедноста,
уредот не смее да биде поврзан со напојувањето, се додека правилно не се отстрани дефектот. Ако
дефектот не може веднаш да се отстрани, а потребно е уредот да продолжи да работи, мора да се
Содержание TT37AF-1232IAW
Страница 353: ......
Страница 354: ...www tesla info ...