29
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 750 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 3-5 минути, со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи.
Промешајте еднаш или двапати за време на топењето. Употребете ракавици при
вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.
Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 750
W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад
со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.
Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 750 W.
Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак.
Затворете по 5 минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на
производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со
капак. Гответе покриено околу 6½ to 7½ минути со јачина од 750 W.
Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина.
Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W.
Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при вадењето!
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте
ги понудените решенија.
Ова е нормално.
•
Кондензација во внатрешноста на печката.
• Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
• Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
• Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето ( ).
•
Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
•
Дали правилно го поставивте тајмерот и/или го притиснавте копето
( )?
• Дали вратата е затворена?
• Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до
избивање на осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
•
Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за
одредениот тип на храна?
• Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката
(електрично празнење).
•
Дали сте користеле сад со метални делови?
• Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во
внатрешноста на печката?
• Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните
ѕидови?
Светилката не работи.
• Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради
безбедносни причини. Ве молиме обратете се во најблискиот
овластен центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте
квалификуван инженер да ја замени светилката.
GE73A-BOL_DE68-04050B-04_MK.indd 29
2013-09-16 �� 6:49:34
Содержание GE73A
Страница 31: ...ЗАБЕЛЕЖКА ЗАБЕЛЕЖКА GE73A BOL_DE68 04050B 04_BG indd 31 2013 09 16 6 42 21 ...
Страница 63: ...NAPOMENA NAPOMENA GE73A BOL_DE68 04050B 04_HR indd 31 2013 09 16 6 46 19 ...
Страница 95: ...ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКА GE73A BOL_DE68 04050B 04_MK indd 31 2013 09 16 6 49 34 ...
Страница 127: ...NOTĂ NOTĂ GE73A BOL_DE68 04050B 04_RO indd 31 2013 09 16 6 52 27 ...
Страница 159: ...SHËNIM SHËNIM GE73A BOL_DE68 04050B 04_SQ indd 31 2013 09 16 6 56 29 ...
Страница 191: ...NAPOMENA NAPOMENA GE73A BOL_DE68 04050B 04_SR indd 31 2013 09 16 6 59 36 ...
Страница 223: ...BELEŽKA BELEŽKA GE73A_BOL_DE68 04050B 04_SL indd 31 2013 09 16 6 38 14 ...
Страница 255: ...NOTE NOTE GE73A_BOL_DE68 04050B 04_EN indd 31 2013 09 16 6 30 22 ...