103
MK
PALLAS B-FIX
UN-R44-04
UNIVERSAL
SEMI-UNIVERSAL
9 - 18 kg
CYBEX GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
04301395
SOLUTION B-FIX
UN-R44-04
UNIVERSAL
SEMI-UNIVERSAL
15 – 36 kg
CYBEX GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
04301395
СЕРТИФИКАЦИЈА
UN R-44/04
CYBEX Pallas B-Fix – група 1, од 9
до 18 кг
CYBEX Solution B-Fix – група 2/3,
од 15 до 36 кг
Се препорачува за возраст од
приближно 9 месеци до 12 години
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Pallas
B-Fix за своето дете.
Прочитајте ги внимателно упатствата пред да го инсталирате
седиштето во автомобилот и секогаш чувајте ги овие упатства при
рака во специјално наменетиот оддел за чување на упатството за
корисник (a).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
•
Без одобрение од органот за типска хомологација, детското седиште
не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
•
Со цел детето да биде заштитено правилно, апсолутно е неопходно да
го користите детското седиште како што е опишано во овој прирачник.
•
Ова детско седиште може да се монтира само на седишта на возило
што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
•
Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три
точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата 16 на ОН
или со споредлив стандард.
•
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на системот за врзување деца.
•
Целата површина на наслонот за грб на детското седиште мора да
доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.
•
Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш
не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во
возилото.
•
Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се
вкрстува со водилката на каишот на седиштето. Ако фиксниот
држач на каишот е премногу долг, детското седиште е несоодветно
за користење во оваа позиција во возилото. Ако не сте сигурни,
контактирајте со производителот на системот за врзување.
•
Каишите со три точки за фиксирање во возилото мора да минуваат
само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот
се детално опишани во овој прирачник и означени се на детското
седиште со црвена боја.
•
Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините
на детето за да има максимален ефект при судир. Пред секоја
употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен каиш
на возилото со три точки на прицврстување да биде приспособен
правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не
превиткувајте го каишот!
•
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му
понуди на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да
гарантира дека каишот за рамо се поставува без пречки.
•
Заштитникот мора да се употребува за групата 1.
•
Детското седиште мора секогаш да биде прицврстено правилно со
каишот на возилото, дури и кога не се употребува.
•
Секогаш треба да бидете сигурни дека детското седиште во ниеден
момент не е заглавено кога ја затворате вратата на автомобилот или
кога го приспособувате задното седиште.
•
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
автомобилот, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
•
Детското седиште никогаш не смее да се употребува без навлаката
на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална
навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен елемент за
функционирање на седиштето.
•
Никогаш не оставајте го детето во автомобилот без надзор.
•
Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и може
да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и
детското седиште од директно изложување на сончева светлина.
•
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на детското
седиште што не може да се види со голо око. Заменете го седиштето
за автомобил по сообраќајна несреќа. Ако се двоумите, советувајте се
со застапникот или со производителот.
Содержание PALLAS B-FIX
Страница 63: ...61 RU 30 C CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 67: ...65 UK CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth Germany 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 87: ...85 BG 30 C CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 94: ...92 EL CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth Germany 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 108: ...106 MK 30 C CYBEX GmbH Riedingerstr 18 95448 Bayreuth 3 go cybex online com manufacturer warranty car seats...
Страница 141: ......
Страница 142: ......
Страница 143: ......