Македонски - 3
01
БЕЗБЕДНОСНИ ИНС
ТРУКЦИИ
безбедносни инструкции
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЗАЧУВАЈТЕ ГО
УПАТСТВОТО ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО ИДНИНА.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Ако вратата или делот за
затворање се оштетени, печката не треба да се
употребува сè додека не се поправи од страна на
квалификувано лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Ризично е лицата кои не
се компетентни да вршат сервис или поправка со
отстранување на капакот кој овозможува заштита од
микробрановата енергија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Течностите и останатата храна
не смеат да се загреваат во затворени садови за да
не дојде до експлозија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Дозволена е употреба на
печката од страна на деца без надзор единствено
во случај кога се дадени соодветни инструкции за
детето да може да ја користи печката на безбеден
начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна
употреба.
Овој уред е наменет за користење само во
домаќинства и не е наменет да се користи во:
•
областите за персоналот во кујните во продавниците,
канцелариите и други работни опкружувања;
•
фарми;
•
од страна на гости во хотели, мотели и други
опкружувања од ваков вид;
•
тип на опкружување со ноќевање и доручек.
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси,
внимавајте да не дојде до палење.
Микробрановата печка е наменета за загревање
на храна и пијалоци. Сушење храна или облека и
загревање на подлоги за топлење, топлинки, сунѓери,
влажни алишта и слично може да предизвика ризик
од повреди, палење или пожар.
Ако се појави (избувне) чад, исклучете го уредот или
прекинете го напојувањето и оставете ја вратата
затворена за да се изгасне пламенот.
Загревањето на течности во печката може да доведе
до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате
со садот.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 3
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 3
6/7/2022 12:46:09 PM
6/7/2022 12:46:09 PM