Македонски - 33
07
ВОДИЧ ЗА ГО
ТВЕЊЕ
Свежа храна
Порција
Напојување
1-ва
страна
време
(мин.)
2-ра
страна
време
(мин.)
Инструкции
Парчиња
пилешко
450-500 g
(2 парчиња)
300 W +
Грејач
10-12
12-13 Подгответе ги парчињата
пилешко со масло и зачини.
Наредете ги кружно со
коските кон средината.
Доколку имате едно парче
не ставајте го на средина
од решетката. Оставете 2-3
минути.
Јагнешки
кременадли/
телешки
стекови
(средни)
400 g
(4 парчиња)
Само грејач
12-15
9-12
Подгответе ги кременадлите
со масло и зачини. Поставете
ги кружно на решетката.
Оставете 2-3 минути по
печењето.
Свински стек
МБ + Грејач 300 W +
Грејач
Само
грејач
Подгответе го свинскиот стек
со масло и зачини. Поставете
ги кружно на решетката.
Оставете 2-3 минути по
печењето.
250 g
(2 парчиња)
7-8
6-7
Печени
јаболка
1 јаболко
(приближно
200 g)
300 W +
Грејач
4-4½
-
Издлабете ги јаболката и
наполнете ги со суво грозје
и џем. Ставете и малку
сечкан бадем. Ставете
ги јаболката на плитка
стаклена огноотпорна
чинија. Поставете ја чинијата
директно на плочата.
2 јаболка
(приближно
400 g)
6-7
Печено пиле
1200 g
600 W +
Грејач
15-18
15-18
Подгответе го пилето со
масло и зачини. Ставете го
пилето со градите надолу,
потоа со градите нагоре во
огноотпорниот сад. Оставете
5 минути по печењето.
СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 800 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете 100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути,
со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или
двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W. Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со
јачина од 800 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте
двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен
огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро. Гответе
покриено околу 10-12 минути со јачина од 800 W. Промешајте неколку пати
додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак.
Затворете по 5 минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на
производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен
сад со капак. Гответе покриено околу 6½ до 7½ минути со јачина од 800 W.
Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна
големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од
3½ до 4½ минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во
печката. Употребете ракавици при вадењето!
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 33
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 33
6/7/2022 12:46:16 PM
6/7/2022 12:46:16 PM