117
Mak
Македонски
LED индикатор
Опис
Eднобојно Зелено
Уредот го заврши процесот и достигна
полна сила на пресување.
Eднобојно Црвено
Уредот го заврши процесот, ама НЕ
ДОСТИГНА полна сила на пресување.
Трепкаво Црвено
Уредот НЕ го заврши процесот.
Трепкаво Црвено
/ Зелено (после
Eднобојно Зелено
или Eднобојно
Црвено)
Уредот го достигна интервалот за
сервисирање. (30000 Процеси на
пресување). Почнува да трепка црвено /
зелено, откако привремено се покажала
црвена или зелена индикација за
процесот. MILWAUKEE препорачува
алатот да го проверувате и да вршите
периодично сервисирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни
напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги
добивате заедно со уредот.
Доколку не ги почитувате
следните упатства, може да дојде до електричен удар, до
пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА АЛАТОТ ЗА
ПРЕСУВАЊЕ
Пред да работи првпат со него и најмалку еднаш годишно,
операторот на овој уред мора да биде обучен за специфичните
опасности коишто се поврзани со користењето на овој алат и за
неопходните безбедносни мерки.
Компанијата што е ангажирана мора:
• Прирачникот за работа да му го стави на располагање на
операторот и
• да се увери дека операторот го прочитал и го разбрал.
Одржувајте ги налепниците и плочките со ознака на типот.
На нив има важни информации. Ако се нечитливи или
недостасуваат, мора да се заменат.
Секогаш постапувајте со здрав разум и бидете внимателни
кога користите алати. Не е возможно да се предвиди секоја
ситуација која може да доведе до опасен исход. Немојте да
го користите алатот ако не ги разбирате упатствата за работа
или ако мислите дека не сте способни да ја вршите работата;
за дополнителни информации или обука, контактирајте со
Milwaukee Tool или обучен професионалец.
Држете ги рацете и лабавата облека подалеку од челустите
за пресување / матриците и други подвижни делови.
Постои
ризик од сериозна повреда, вклучувајќи оштетување на
екстремитетите.
Употребувајте заштитна опрема. Секогаш при користење на
машината носете ракавици. Се препорачува заштитна облека
како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
За да се намали ризикот од повреда, носете заштитни очила
со странични заштитници кога работите или го сервисирате
алатот. Материјалот може да напукне или да се раздроби.
Никогаш не ги држете прстите или други делови од телото во
работното подрачје на цилиндарот и на стегачите.
Алатот за
пресување и додатоците за пресување смеат да ги користи
само стручњаци со електротехничка обука.
Пред секоја употреба, проверете го алатот за пресување,
пневматската челуст и вметоците да не имаат пукнатини и
други форми на изабеност.
Алатот за пресување и вметоците за пресување треба да се
користат само во технички беспрекорна состојба.
Алатот за пресување смее да се користи само со наместени
вметоци за пресување.
Користете само вметоци за пресување до 120 kN со вкупна
ширина од 35 мм.
Пред пресувањето, отстранете ги употребените алати за
подесување или клучевите.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Не допирајте ја челуста за пресување за време процесот на
пресување.
Во случај на дефекти за време пресувањето веднаш исклучете
ја склопката за вклучување и притиснете го копчето за
откочување на хидрауликата. Вентилот се отвора и клипот се
враќа во појдовната позиција.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Обавезно е потребно придр-жување кон одржу-вањето и
интервали-те на одр-жување.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.
Не смеат да се обработуваат никакви делови кои се под
електричен напон. Алатот НЕ е изолиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој уред содржи една копчеста литиумска батерија.
Доколку се голтне, или доколку влезе во телото, нова
или стара батерија може да предизвика тешки внатрешни
изгореници и да доведе до смрт за помалку од два часа.
Секогаш обезбедувајте го поклопецот на батеријата. Доколку
не се затвора добро, запрете го уредот, извадете ја батеријата и
држете ја понастрана од деца. Ако мислите дека батеријата
била голтната или дека влегла во телото, веднаш побарајте
лекарска помош.
Summary of Contents for M18 HCCT109/42
Page 5: ...2 I 1 2 1 2...
Page 6: ...3 I 78 100 33 54 55 77 10 32 10...
Page 7: ...4 II 1 1 2 2 x x x...
Page 8: ...5 III xxx 1 4 START 340 3 2 90 90...
Page 9: ...6 III Auto Stop Auto Stop STOP...
Page 10: ...7 III 5 1 2 1 2 3...
Page 11: ...8 IV REPORT...
Page 12: ...9 IV 2 2 2 4 5 6 1 3 3V CR2032 3V CR2032...
Page 14: ...11 VI...
Page 15: ...12 VII Service 1 2 3...
Page 61: ...58 EL LED 30000 MILWAUKEE EI I Milwaukee Tool 120 kN 35 mm EI I M18 M18...
Page 64: ...61 EI I EI I V EL...
Page 106: ...103 P 30000 MILWAUKEE Milwaukee Tool 120 35 M18 M18...
Page 109: ...106 B V 5 5 2015 2015 A G B H J D K E L F M 71364 10 P...
Page 111: ...108 30000 MILWAUKEE Milwaukee 120 kN 35 mm M18 M18 laden...
Page 114: ...111 V...
Page 120: ...117 Mak LED E E E E 30000 MILWAUKEE Milwaukee Tool 120 kN 35 M18 M18...
Page 124: ...121 30000 MILWAUKEE Milwaukee Tool 120 35 EIN M18 M18...
Page 127: ...124 V...
Page 130: ...127 Ara LED I Milwaukee Tool 120 35 ystem ystem...