158
ВНИМАНИЕ: Пред изведување каква било работа врз опремата, секогаш запирајте го моторот и вадете ја спојката од свеќичката
(видете „Проверка на свеќичката“).
Секогаш носете заштитни ракавици!
За да осигурате долготраен работен век и за избегнете оштетување на опремата, следниве сервисни операции треба да се изведуваат
на редовни временски интервали.
Секојдневни проверки и одржување
–
Пред да започнете со работа, проверете дали на машината има олабавени завртки или делови што недостигаат. Обрнете особено
внимание на прицврстеноста на металното сечило или главата за сечење со најлон.
–
Пред работата, секогаш проверувајте дали каналот за проток на разладен воздух и перките на цилиндрите се затнати.
Исчистете ги ако е потребно.
–
Следниве работи извршувајте ги секојдневно по употребата:
• Исчистете ја надворешноста на опремата и проверете дали има оштетувања.
• Исчистете го филтерот за воздух. Кога работите во прашливи услови, чистете го филтерот неколку пати на ден.
• Проверете дали има оштетувања на сечилото или главата за сечење со најлон, и осигурете се дека е добро монтирано.
• Проверете дали има доволна разлика помеѓу брзината во празен од и работната брзина за да се осигурате дека алатот за сечење
е во запрена положба кога моторот е во празен од (ако е потребно, намалете ја брзината во празен од).
Ако при услови на празен од, алатот продолжува да работи, побарајте помош од најблискиот овластен сервисен агент.
–
Проверете дали функционираат прекинувачот I-O, рачката за блокирање, рачката за гас и копчето за блокирање.
УПАТСТВА ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
ЗАМЕНА НА МОТОРНОТО МАСЛО
Моторното масло со намален квалитет ќе го скрати работниот век на моторот. Редовно проверувајте ги маслото и неговото ниво.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Моторот и моторното масло се сè уште жешки веднаш откако сте го запреле моторот. Дозволете
да помине доволно време за моторот и моторното масло да се изладат. Во спротивно, тоа може да
резултира со изгореници на кожата.
НАПОМЕНА: Ако се наполни масло над границата, маслото може да се контаминира или може да се запали и да гори со
бел чад. Дозволете да помине доволно време откако ќе го запрете моторот за моторното масло да се врати во
резервоарот за масло и со тоа да се осигура точно читање на нивото на маслото.
Временски интервал на замена:
По првите 20 часа работа, а после тоа на секои 50 часа работа.
Препорачано масло:
SAE10W-30 масло со API класификација, класа SF или повисока (автомобилско масло за 4-тактен
мотор)
При замената, извршете ја следнава процедура.
1) Осигурете се дека капачето на резервоарот за гориво е цврсто
стегнато.
2) Поставете голем сад (тенџере или сл.) под дупчето за испуштање.
3) Извадете ја завртката за испуштање и потоа извадете го капачето за
масло за да се испушти маслото преку дупчето за испуштање.
За тоа време, внимавајте да не го загубите дихтунгот за завртката за
испуштање или да не ги изгнасите некои од извадените компоненти.
4) Штом маслото ќе се испушти, поставете гио дихтунгот и завртката за
испуштање, и цврсто стегнете ја завртката за испуштање така што да
не може да се олабави и да предизвика протекувања.
[Вртежен момент на стегање: 5 N-m]
* Со помош на крпа, целосно избришете го маслото што се нафатило
на завртката и на опремата.
Капаче за
масло
Завртката за
испуштање
Дихтунг
Дупче за
испуштање
Алтернативен начин за испуштање
Извадете го капачето за масло, навалете ја опремата кон дупката за
полнење масло и испуштете го маслото.
Маслото соберете го во сад.
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com