159
5) Вратете го моторот на рамно ниво и постепено полнете го со ново
масло до ознаката на горната граница.
6) По полнењето, цврсто стегнете го капачето така што да не може да се
олабави и да предизвика протекувања.
Ако капачето за масло не е цврсто стегнато, тоа може да протече.
ЧИСТЕЊЕ НА ВОЗДУШНИОТ ЧИСТАЧ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го моторот, држете се
настрана од оган и не пушете.
Временски интервал за чистење и инспекција: Секојдневно (секои
10 часа работа)
–
Свретете ја рачката за саух на целосно затворената страна, и одржувајте
го карбураторот чист без прашина или нечистотии.
Вадење на капакот на воздушниот чистач
–
Отпуштете ја куката на капакот на воздушниот чистач со притискање
надолу на стегата на плочата.
–
Олабавете ја завртката за прицврстување.
–
Повлечете и извадете го капакот на воздушниот чистач.
Чистење на елементите
–
Извадете ги елементите и потчукнете ги за да падне прашината од нив.
–
При тешка контаминација:
1) Извадете го елементот (сунѓерот), потопете го во топла вода или во
раствор на вода со неутрален детергент, и потоа целосно исушете го.
Немојте да го стискате или триете при миењето.
2) Исчистете го елементот (хартијата) нежно потчукнувајќи го. Ако сте во
можност да користите апарат за дување воздух, дувнете компресиран
воздух во внатрешноста на елементот (хартија). Не мијте го елементот
(хартијата).
–
Пред да го поставите елементот (сунѓерот), проверете дали е целосно
исушен. Недоволното сушење на елементот (сунѓерот) може да доведе
до тешкотии во стартувањето.
–
Избришете го наслагите од масло околу капакот на воздушниот чистач и
разделната плоча со стара крпа.
Поставување на капакот на воздушниот чистач
–
Вметнете ги елементот (сунѓерот) и елементот (хартијата). Вметнете го
елементот (сунѓерот) до крај во капакот на воздушниот чистач.
–
Вметнете ја страничната кука на капакот на воздушниот чистач како
што е покажано на сликата и притискајте на долниот дел од капакот на
воздушниот чистач додека не кликне така што куката да стои правилно
во стегата. Потоа, стегнете го капакот на воздушниот чистач со завртката
за прицврстување.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
–
Чистете ги елементите неколку пати дневно ако има наслаги на
прашина на нив. Нечистите елементи ја намалуваат моќноста на
моторот и го отежнуваат неговото стартување.
–
Отстранете го маслото од елементите. Ако се продолжи да се
работи со елементите неисчистени од масло, маслото во воздушнио
чистач може да истече надвор и да резултира со контаминација на
животната средина.
–
Не ставате ги елементите на земја или на нечисто место. Во
спротивно, може да соберат прашина или нечистотии, и со тоа да го
оштетат моторот.
–
Никогаш не користете гориво за чистење на елементите. Горивото
може да ги оштети.
Плоча
Елемент (сунѓер)
Капак за воздушниот
чистач
Капак за
воздушниот чистач
Елемент (сунѓер)
Разделна
плоча
Елемент (хартија)
Стега
Завртка за
прицврстување
ТОЧКИ ЗА МАСЛОТО
–
Никогаш не фрлајте го испуштеното моторно масло во корпа за отпад,
во природа или во септичка јама. Фрлањето на маслото во отпад е
регулирано со закон. При фрлање во отпад, секогаш почитувајте ги
релевантните закони и регулативи. За какви било останати прашања,
контактирајте овластен сервисен агент.
–
Квалитетот на маслото ќе се намали дури и ако се чува
неискористено. Извршувајте инспекција и замена на редовни
временски интервали (заменувајте го со ново масло секои 6 месеци).
Странична кука
Кука
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com