MK - 38
процесот на одмрзнување. Извадете
ги сиот отстранет мраз од одделот. Не
мора да го исклучите апаратот за да
отстранувате тенки слоеви мраз.
• Исклучете го апаратот од струја и
извадете ја содржината во картонска
кутија и завиткајте ја во дебели ќебиња
или во хартија за да останата студени
кога сакате да вадите дебели слоеви
мраз. Одмрзнувањето е најефикасно
ако се спроведе кога замрзнувачот е
речиси празен и треба да се направи
што е можно побргу за да се спречи
непотребен пад на температурата на
содржината.
• Не користете метални или остри
гребалки, механички средства или
други помагала за да го забрзате
процесот на одмрзнување.
Зголемувањето на температурата
на пакувањата замрзната храна во
текот на одмрзнувањето ќе им го
скрати рокот на употреба. За време
на одмрзнувањето чувајте ја храната
завиткана во амбалажа и ладна.
• Исушете ја внатрешноста на одделот
со сунѓер или чиста крпа.
• За да го забрзате периодот на
одмрзнување, може да ставите еден
или повеќе садови со топла вода во
одделот на замрзнувачот.
• Проверете ја содржината кога ја
ставате одново во замрзнувачот и ако
некои од пакувањата се одмрзнати,
тогаш тие треба да се изедат во
период од 24 часа или да се зготват
пред да се замрзнат одново.
• Кога одмрзнувањето ќе биде готово,
исчистете ја внатрешноста на уредот
со раствор од топла вода и малку сода
бикарбона и потоа исушете темелно.
Измијте ги сите делови што може да
се извадат на ист начин и повторно
ставете ги на место. Поврзете го
замрзнувачот во струја и оставете го
да работи 2 до 3 часа на поставена
вредност MAX пред да ја вратите
храната во него.
Замена на ЛЕД-светилката
За замена на ЛЕД-светилките ве молиме
контактирајте го најблискиот овластен
сервисен центар.
Забелешка:
Броевите и локацијата
на ЛЕД лентите може да се
различни во зависност од моделот.
6 ТРАНСПОРТ И
ПРЕМЕСТУВАЊЕ
6.1 Транспорт и менување позиција
• Може да ги зачувате оригиналното
пакување и пената за повторен
транспорт (по избор).
• Прицврстете го апаратот со дебело
пакување, ремени или издржливи
јажиња и следете ги упатствата за
транспорт дадени на пакувањето.
• Отстранете ги сите отстранливи
делови (фиоки, садови за мраз,
итн.) или фиксирајте ги на апаратот
со самолеплива лента во текот на
преместувањето или транспортот.
Секогаш транспортирајте го
апаратот во исправена положба.
7 ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ
СЕРВИСЕР
Ако имате проблем со
апаратот
, ве
молиме проверете го следново пред да
го контактирате сервисниот центар.
Вашиот апарат не работи
Проверете дали:
• Има електрична енергија
• Приклучокот е правилно поставен во
Summary of Contents for UCF 2760
Page 87: ...52366208 ...