26
МАКЕДОНСКИ
чИСтЕњЕ НА МИКрОБрАНОВАтА ПЕчКА
Следните делови од микробрановата печка треба да се чистат редовно за да
не се таложат остатоци од маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
Секогаш
проверете дали шарките од вратата се чисти и дали вратата е
добро затворена.
Лошото одржување на печката може да доведе до оштетување на
површината што би предизвикало расипување на печката и можни
несакани ситуации.
1.
Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла вода со сапуница.
Исплакнете и исушете.
2.
Отстранете ја нечистотијата од внатрешната површина и од кружниот
прстен со насапунета крпа. Исплакнете и исушете.
3.
За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и мирисот, ставете чаша со
разблажен лимонов сок на плочата и загрејте десет минути со најголема
јачина.
4.
Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде потребно, може и во машина
за миење садови.
Не истурајте
вода на вентилацијата.
Никогаш
не употребувајте
абразивни и хемиски средства. При чистењето на шарките од вратата
особено внимавајте да нема остатоци:
• Кои се наталожени
• Го попречуваат затворањето на вратата
Исчистете ја внатрешноста на микробрановата печка по секоја употреба
со благ раствор од детергент, но не правете го тоа веднаш, оставете да
се олади за да не се изгорите.
СПЕЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 750 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути,
со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или
двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W, додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.
Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3
½
до 4
½
минути со
јачина од 750 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте
двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен
огноотпорен сад со капак. Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.
Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 750 W.
Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со
капак. Затворете по 5 минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на
производителот и добро промешајте. Употребете погоден стаклен сад со
капак. Гответе покриено околу 6
½
to 7
½
минути со јачина од 750 W.
Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна
големина. Промешајте неколку пати за време на печењето од 3
½
до 4
½
минути со јачина од 600 W.
Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при
вадењето!
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 26
2010-07-13 10:22:27
Содержание GW71B
Страница 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Страница 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Страница 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...