6
МАКЕДОНСКИ
Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување.
Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да
поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу
предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.
- Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Кога кабелот на уредот ќе се оштети, обратете се до најблискиот
сервисен центар.
Мерки на претпазливост во однос на електриката
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг
период или за време на невреме со грмотевици.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Сериозни предупредувања во однос на користењето
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш
проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не
допирајте го уредот или кабелот за напојување.
- Немојте да користите вентилатор.
- Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Обрнете внимание вратата, грејачот и другите делови да не дојдат во
допир со телото за време или веднаш по готвењето.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде
во контакт со загреаните делови во печката.
При преместување на грејните елементи, употребете опрема која е
дизајнирана за преместување на грејни елементи, носејќи ги заштитните
ракавици кои се испорачуваат со производот, при што температурата
треба доволно да опадне (најмалку 10 минути по печењето или
комбинираното готвење).
СЕКОГАШ употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за да не
се изгорите.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата.
Причина :
Топлиот воздух и пареата кои излегуваат може да
предизвикаат изгореници.
Загревањето на течности во печката може да доведе до задоцнето
вриење, затоа внимавајте кога ракувате со садот; За да се заштитите во
ваква ситуација СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката
ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за
време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за
ПРВА ПОМОШ:
- Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку 10 минути.
- Покријте ја со чиста, сува крпа.
- Не ставајте креми, масла или лосиони.
- Обратете се на доктор
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на
производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се
избегнат несакани ситуации.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во
микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако печката
повеќе не е вклучена.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Содржината на шишињата и тегличките со
храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се провери
температурата пред употребата, за некој да не се изгори.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Дозволена е употреба од страна на деца без
надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за
детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја
разбира опасноста од неправилна употреба.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Кога уредот работи во комбиниран режим, децата
може да ја употребуваат печката само под надзор на возрасен заради
температурата која се ослободува.
ВНИМАНИЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 6
2010-07-13 10:22:22
Содержание GW71B
Страница 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Страница 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Страница 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...