10
МАКЕДОНСКИ
Сериозни предупредувања во однос на чистењето
Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода.
За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или
алкохол.
- Ова може да предизвика обезбојување, деформирање, оштетување,
електричен удар или пожар.
Пред чистење или одржување, исклучете го апаратот од ѕидниот штекер
и отстранете ги остатоците храна од вратата и одделот за готвење.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за
чистење на стаклото од вратата на печката кои може да го оштетат и да
придонесат тоа да се скрши.
Не сушете весници или облека во микробрановата печка.
Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода
со висок притисок или пареа.
За време на чистењето, површините може да се загреат повеќе од
вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во
близина. (само при чистење)
Истурената храна мора да се отстрани пред чистењето и треба да
се внимава кои садови може да се остават во рерната за време на
чистењето. (само при чистење)
Мерки на претпазливост при чистењето
Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од храна.
Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети
површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни
ситуации.
Внимавајте да не се повредите при чистењето на уредот (надворешно/
внатрешно).
- Можете да се повредите на острите рабови од уредот.
Немојте да користите уреди за чистење со пареа.
- Ова може да предизвика корозија.
МЕРКИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА
ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА
Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до
штетно изложување на микробранова енергија.
(a)
Под никакви околности не употребувајте ја печката со отворена врата, не
расипувајте ги безбедносните брави (шарките од вратата) и не ставајте
ништо во отворите од безбедносните брави.
(b)
Не поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не
дозволувајте да има храна или талог на делот за затворање. Вратата и
површината за затворање одржувајте ги чисти со бришење после секоја
употреба, прво со влажна, а потоа со мека, сува крпа.
(c)
Не употребувајте ја печката ако е оштетена с
è
додека не се поправи од
страна на квалификуван сервисер обучен од производителот. Многу е
важно вратата на печката да се затвора правилно и да нема оштетувања
на:
(1)
Вратата (искривување)
(2)
Шарките од вратата (скршени или лабави)
(3)
Вратата и површината за затворање
(d)
Печката не треба да се прилагодува или поправа од никој друг освен од
страна на квалификуван сервисер обучен од производителот.
Овој производ спаѓа во Група 2 Класа B ISM опрема. Дефиницијата за групата
2 ја опфаќа целата ISM опрема кај која радио-фреквентната енергија намерно
се генерира и/или користи во форма на електромагнетно зрачење заради
третман на материјалите, како и EDM и опремата за електрично заварување.
Во опремата од Класа B спаѓа опрема која е погодна за користење во
домаќинствата и институциите кои се директно поврзани на електрична
мрежа со низок напон со која се снабдуваат зградите заради користење во
домаќинствата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 10
2010-07-13 10:22:23
Содержание GW71B
Страница 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Страница 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Страница 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Страница 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Страница 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Страница 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...