31
MK: АПАРАТ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ |
Упатство за употреба
ПАНЕЛ СО КОНТРОЛИ:
ПО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО СТРУЈА
Откако апаратот за правење леб ќе се вклучи во струја, ќе се слушне звучен сигнал и на екранот ќе се прикаже „3:00“.
Но двете точки меѓу „3“ и „00“ нема да трепкаат постојано. И програмата стандардно е „1“. Стрелките покажуваат на
„1250g“ и „medium“, бидејќи тоа се стандардните поставки.
START/STOP (СТАРТ/СТОП)
Копчето се користи за стартување и стопирање на програмата за печење.
За стартување на програма притиснете го еднаш копчето start/stop. Ќе се слушне краток звучен сигнал, индикаторот
ќе светне и двете точки меѓу „3“ и „00“ ќе почнат да трепкаат и програмата ќе започне да работи. Откако програмата ќе
започне, сите копчиња се неактивни, освен копчето start/stop.
За да се паузира програмата, притиснете го копчето start/stop/pause кратко, околу 0,5 секунди, програмата ќе стопира
во пауза и ако во текот на 3 минути не се изврши никаква операција, програмата ќе продолжи да работи.
За да се стопира програмата, притиснете го копчето start/stop во траење од приближно 3 секунди, а потоа ќе се
слушне звучен сигнал кој означува дека програмата е исклучена. Оваа функција ќе ви помогне да спречите ненамерно
прекинување на работата на програмата.
MENU (МЕНИ)
Копчето menu се користи за поставување на различни програми. Со секое притискање на копчето (придружено со
краток звучен сигнал), програмата ќе се менува. Притискајте го копчето кратко, на lcd екранот ќе се прикажат 15
последователни менија. Одберете ја посакуваната програма. Функциите на 15-те менија се опишани подолу.
ПРОГРАМА 1: ОСНОВНА
За леб од бело брашно и од мешано брашно, кое главно се состои од бело и 'ржано брашно. Лебот е со компактна
конзистентност. Можете да го прилагодите степенот на печење на лебот, што се одредува со копчето color (боја).
ПРОГРАМА 2: ФРАНЦУСКИ
За лесни лепчиња направени од фино брашно. Најчесто лебот е мек и има крцкава коричка. Оваа програма не е
погодна за подготовка на рецепти кои содржат масло, маргарин или млеко.
ПРОГРАМА 3: ИНТЕГРАЛЕН
За лебови од разновидно брашно кое бара повеќе време за месење и нараснување (на пример интегрално брашно и
'ржано брашно). Лебот ќе биде покомпактен и тежок.
ПРОГРАМА 4: СЛАДОК
За леб со додатоци, на пример овошни сокови, мелен кокос, суво грозје, суви плодови, чоколадо или додаден шеќер.
Поради долгата фаза на нараснување, лебот ќе биде полесен и понадуван.
ПРОГРАМА 5: ЛЕБ СО МЛЕКО И МАСЛО