34
MK: АПАРАТ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ |
Упатство за употреба
од грејачот и садот за печење. По завршувањето ќе се слушне краток звучен сигнал.
3.
Исклучете од штекер, оставете машината да се излади и повторно исчистете ги сите делови што се вадат.
Внимавајте околу апаратот да има доволно вентилација.
ИНСТРУКЦИИ ЗА РАБОТА
1.
Ставете го садот за леб во апаратот за правење леб, притиснете надолу. Ставете ја мешалката за месење на оската,
притиснете ја надолу докрај, погрижете се рамните површини да се на исто ниво.
Забелешка: препорачливо е мешалката за месење да се намачка со масло, за да се избегне лепење на
тестото по неа, а исто така и на тој начин мешалката може да се извади полесно од испечениот леб.
2.
Измерете ги однапред сите продукти, обично прво се налева вода или други течни состојки, потоа се става
шеќер, сол и брашно, и најпосле - квасецот. Ако приготвувате тесто што содржи поголем дел бело брашно, се
препорачува да го промените редоследот на додавање: прво брашното и квасецот, потоа шеќер и сол, и најпосле
налејте вода или други течности. На овој начин ќе добиете подобар резултат.
Забелешка: кога ставате брашно, обидете се да ја покрие водата. Направете мала вдлабнатина во
брашното со прст и ставете го квасецот во неа. Погрижете се квасецот да не допре до солта или течностите.
3.
Затворете го капакот, потоа вклучете го приклучокот во штекерот.
4.
Притиснете го копчето menu и изберете ја саканата програма.
5.
Притиснете го копчето crust за да се премести стрелката до саканата поставка: light (светла), medium (средна) или
dark (темна) коричка
6.
Притиснете го копчето weight за да се премести стрелката до саканата тежина:
7.
Ако сакате, подесете го тајмерот за одложување, со притискање на копчето delay timer. Притиснете ги копчињата
+ или - за да го зголемите времето кое се прикажува на екранот. Ако сакате подготвувањето на лебот да почне
веднаш, можете да го игнорирате овој чекор.
8.
Притиснете го копчето start/stop за почеток на процесот. Ако поставувате боја на коричка и тежина, притиснете
го ова копче за да ги потврдите поставките, притиснете повторно за да ја активирате програмата. „
▶
“ го покажува
тековниот процес, исто како двете точки почнува да трепка постојано и започнува обратно одбројување на
времето. Програмата започнува.
Забелешка: ако сакате да ја прекинете програмата, притиснете го копчето start/stop во траење од 3
секунди.
9.
За додатоци (овошје, јаткасти плодови, суво грозје) машината ќе испушти десет звучни сигнали, а „
▶
“ ќе покажува
add (додај). Отворете го капакот и ставете ги додатоците. Апаратот за правење леб ќе продолжи да работи.
Јаткастите плодови не треба да се ставаат премногу рано, бидејќи ќе се изгуби нивниот вкус.
Забелешка: функцијата за додавање add работи само со следниве програми: основна, брза, колач,
француски, пченкарен, оризов, безглутенски.
10.
Кога на дисплејот ќе се прикаже 0:00, ќе се слушнат 10 звучни сигнали, за да се посочи дека програмата е
завршена. Притиснете start/stop во траење од 3 секунди за да го затворите апаратот за правење леб.
Забелешка: ако не притиснете start/stop, програмата автоматски ќе ја стартува функција за одржување
на лебот топол за 1 час. Ако сакате да го прекинете процесот за одржување на лебот топол, притиснете го
копчето start/stop во траење од 3 секунди. Програмата нема да прекине додека на екранот не се прикаже
стандардниот екран.
11.
Отворете го капакот откако на рацете ќе ставите кујнски ракавици, цврсто фатете ја рачката на садот, потоа
подигнете нагоре.
Забелешка: треба да се внимава многу, кога се вади садот, бидејќи тој и лебот се многу топли.
12.
Носејќи кујнски ракавици, свртете го садот со горната страна надолу (со дршката на садот преклопена надолу) врз
решетка за ладење или на чиста површина и нежно протресете додека лебот не испадне. Користете неметална
лажица за внимателно да го одделите лебот од страничните ѕидови на садот.
Забелешка: ако мешалката за месење остане во лебот, внимателно извадете ја користејќи кука, не фаќајте
ја со рака, бидејќи ризикувате да се изгорите.