Македонски - 28
отстранување на проблеми
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ ИМАТЕ
ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги
понудените решенија.
Ова е нормално.
•
Кондензација во внатрешноста на печката.
•
Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
•
Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
•
Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето ( ).
•
Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
•
Го поставивте ли времето исправно и/или дали го притиснавте копчето
( )
?
•
Дали вратата е затворена?
•
Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на
осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
•
Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот
тип на храна?
•
Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично
празнење).
•
Дали сте користеле сад со метални делови?
•
Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на
печката?
•
Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
Светилката не работи.
•
Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради
безбедносни причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен
центар за грижа за корисници на Samsung и побарајте квалификуван
инженер да ја замени светилката.
Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.
•
Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај
радиоприемниците или телевизорите. Ова е нормално. За да го
отстраните проблемот, поставете ја печката подалеку од телевизорите,
радиоприемниците и антените.
•
Ако се јават пречки кај микропроцесорот на печката, екранот може да
се ресетира. За да го отстраните проблемот, исклучете го кабелот за
напојување и повторно вклучете го. Повторно поставете го времето.
Доколку со помош на горните совети не можете да го решите проблемот,
обратете се до вашиот локален SAMSUNG сервисен центар.
Ве молиме подгответе ги следните информации;
• Бројот на моделот и серискиот број, кои обично се наоѓаат на задната
страна на печката
• Деталите од гаранцијата
• Јасен опис на проблемот
Потоа обратете се до вашиот локален продавач или до SAMSUNG
сервисот.
MS23F301TAS_OL_DE68-04182L-04_MK.indd 28
MS23F301TAS_OL_DE68-04182L-04_MK.indd 28
29/6/2022 9:22:37 AM
29/6/2022 9:22:37 AM