16
МАКЕДОНСКИ
ВОДИч зА ГОтВЕњЕ
МИКРОБРАНОВИ
Микробрановата енергија навлегува во храната, привлечена и апсорбирана од
водата, маснотијата и шеќерот во неа.
Микробрановите придонесуваат молекулите во храната да се движат брзо.
Брзото движење на молекулите создава триење при што ослободената
енергија се искористува за готвење на храната.
ГОТВЕЊЕ
Садови за готвење со микробранови:
Садот мора да дозволи микробрановата енергија да поминува низ него заради
максимална ефикасност. Микробрановите се рефлектираат од метал, како
на пр. челик, алуминиум, бакар, но можат да поминат низ керамика, стакло,
порцелан и пластика, како и низ хартија и дрво. Затоа храната не треба да се
готви во метални садови.
Храна погодна за готвење со микробранови:
Повеќе видови храна се погодни за готвење со микробранови, вклучувајќи
свеж и замрзнат зеленчук, овошје, тестенини, ориз, житарици, грав, риба
и месо. Сосови, кремови, супи, пудинзи, слатка и чатни може да се готват
во микробрановата печка. Генерално кажано, готвењето со микробранови
е идеално за онаа храна која може да се приготви вообичаено на шпорет.
Топење путер или чоколадо, на пример (погледнете го делот со совети,
техники и препораки).
Покривање при готвење
Многу е важно да се покрие храната при готвењето бидејќи пареата која се
создава го забрзува процесот на готвење. Храната може да се покрие на
различни начини: пр. со керамички капак, пластичен капак или со соодветна
фолија.
Времиња на стоење
Откако ќе заврши готвењето, потребно е одредено време за температурата
да се изедначи.
Водич за готвење на замрзнат зеленчук
Употребете погоден стаклен сад со капак. Гответе покриено со минимално
време - погледнете табела. Продолжете со готвењето по потреба.
Промешајте двапати за време на готвењето и еднаш потоа. Додадете сол,
зачин или путер по готвењето. Покријте при времето на стоење.
храна
Порција Јачина Време
(мин.)
Време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Спанаќ
150 g
600 W
5
½
-6
½
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
Брокула
300 g
600 W
10-11
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
Грашок
300 g
600 W
8-9
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
Грав
300 g
600 W
10-11
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
Мешан зеленчук
(морков/
грашок/пченка)
300 g
600 W
9-10
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
Мешан зеленчук
(кинески стил)
300 g
600 W
8
½
-9
½
2-3
Додадете 15 ml
(1 лажица) ладна
вода.
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 16
2010-07-13 10:22:26
Summary of Contents for GW71B
Page 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Page 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Page 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...