7
МАКЕДОНСКИ
Уредот не треба да се употребува од страна на деца или лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени
лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се даде инструкции.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Достапните делови може да се загреат за време
на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите
деца да бидат во близина.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Исклучете го уредот пред замената на светилката
за да се избегне можноста од електричен удар.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
- Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување
додека е во тек користењето на уредот.
- Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер
може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи
амбалажата може да биде опасна за децата.
- Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до
задушување.
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со
намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни
или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се
дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар,
изгореници или повреди.
Никогаш не го употребувајте овој уред за други намени освен за готвење.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
Пред готвењето, отворете ги затворените садови и шишиња (бебешки
шишиња, шишиња за млеко, итн.) и направете отвор со нож во храната со
оклоп или тврда кора (јајца, костени, итн).
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници или
повреди заради распрснувањето на таквата храна.
Не допирајте ја внатрешноста на уредот веднаш по готвењето, бидејќи
внатрешноста е жешка по долго загревање или по загревање на мало
количество храна.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.
Не употребувајте алуминиумска фолија, метални предмети (како садови,
вилушки итн.) или садови со златни и сребрени делови.
- Ова може да предизвика искри или пожар.
Никогаш не загревајте пластични или хартиени садови и немојте да ги
користите при функционирањето на печката.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
Внимавајте храната да не доаѓа во допир со грејачот при готвењето на
храната во печката.
- Ова може да предизвика пожар.
Немојте да ја прегревате храната.
- Ова може да предизвика пожар.
Немојте да загревате храна завиткана во хартија како на пр. списанија
или весници.
- Ова може да предизвика пожар.
Не употребувајте и не поставувајте запаливи спрејови или предмети во
близина на печката.
- Ова може да предизвика пожар или експлозија.
Не отворајте ја вратата кога храната во одделот за готвење е запалена.
- Ако ја отворите вратата ќе навлезе кислород и тоа може да предизвика
пожар.
Немојте да ги ставате вашите прсти, надворешни супстанци или метални
предмети како на пр. игли во деловите за довод, одвод и отворите.
Доколку во некој од овие отвори навлезат надворешни супстанци,
извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер и обратете се
до вашиот продавач или најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или повреди.
НИКОГАШ не преполнувајте го садот до врвот и избирајте садови кои
имаат поширок горен дел во однос на дното, за да се спречи изливање
на течноста. Шишињата со тесно грло може да експлодираат ако се
прегреат.
НИКОГАШ не загревајте го шишето за бебе заедно со цуцлата, бидејќи
може да експлодира доколку се прегрее.
НЕ допирајте ги загреаните делови или внатрешноста на печката додека
не се оладат.
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 7
2010-07-13 10:22:22
Summary of Contents for GW71B
Page 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Page 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Page 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...