8
МАКЕДОНСКИ
Не вклучувајте го кабелот за напојување доколку е воден и држете го
подалеку од загреана површина.
Не вклучувајте го уредот ако кабелот или приклучокот се оштетени.
НЕ употребувајте ja микробрановата печка кога е празна. Напојувањето
автоматски се исклучува заради безбедност. Повторно користење ќе биде
можно по околу 30 минути. Најдобро е во печката постојано да чувате чаша со
вода. Водата ги апсорбира микробрановите доколку печката случајно се вклучи.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Ако вратата или делот за затворање се оштетени,
печката не треба да се употребува с
è
додека не се поправи од страна на
квалификувано лице.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Течностите и останатата храна не смеат да се
загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.
Ако уредот е преплавен, веднаш прекинете го доводот на напојување и
обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш
извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот
сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите
модификации на уредот.
- Бидејќи во куќиштето на уредот постои висок напон, тоа може да
предизвика електричен удар или пожар.
- Вие можете да бидете изложени на електромагнетни бранови.
- Кога е потребна поправка на уредот, обратете се до најблискиот
сервисен центар.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ :
Ризично е лицата кои не се компетентни да вршат
сервис или поправка со отстранување на капакот кој овозможува заштита
од микробрановата енергија.
Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го
приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар
или пожар.
Ако се појави чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето и
оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот;
Мерки на претпазливост при користењето
Користете садови исклучиво наменети за употреба во микробранови
печки; НЕ употребувајте метални садови, тенџериња со златни и сребрени
делови, ражен, вилушки и сл. Отстранете ги врвките од хартиените и
пластични ќеси.
Причина :
Електрично празнење или искри може да предизвикаат
оштетување на печката.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте да не
дојде до палење;
За малите количества храна потребно е пократко време на готвење или
загревање.
Доколку се постават стандардните времиња може да дојде до прегревање
и загорување.
Можно е да чуете одредени звуци ("кликнување") при работата (особено
кога во печката се одмрзнува храна).
Причина :
Овој звук е вообичаен при промена на јачината на
електричната енергија.
НИКОГАШ не дозволувајте мали деца да ја употребуваат печката или да
си играат со неа. Ниту пак да бидат сами во близина на печката додека
таа работи. Предметите кои може да го привлечат вниманието на децата
не ги поставувајте на печката.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Обрнете внимание бидејќи пијалоците или храната можат да бидат многу
жешки по загревањето.
- Особено внимавајте дали храната е доволно изладена при хранење на
дете.
Обрнете внимание кога загревате течности како вода или други пијалоци.
- Промешајте за време или по готвењето.
- Избегнувајте користење на лизгави шишиња со тесно грло.
- Извадете го шишето најмалку 30 секунди по загревањето.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненадејно
претекување на содржината и изгореници.
ВНИМАНИЕ
GW71B_BOL-03816K_MK.indd 8
2010-07-13 10:22:23
Summary of Contents for GW71B
Page 27: ...27 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GW71B_BOL 03816K_BG indd 27 2010 07 13 10 20 12 ...
Page 55: ...27 HRVATSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_HR indd 27 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 56: ...Br šifre DE68 03816K GW71B_BOL 03816K_HR indd 28 2010 07 13 10 14 49 ...
Page 110: ...26 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 26 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 111: ...27 ROMÂNĂ Note Note GW71B_BOL 03816K_RO indd 27 2010 07 14 11 48 55 ...
Page 138: ...26 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 26 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 139: ...27 SRPSKI Napomena Napomena GW71B_BOL 03816K_SR indd 27 2010 07 13 10 23 31 ...
Page 166: ...26 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 26 2010 07 13 10 11 05 ...
Page 167: ...27 ENGLISH Note Note GW71B_BOL 03816C_EN indd 27 2010 07 13 10 11 05 ...