![Milwaukee M18 HDCT Original Instructions Manual Download Page 116](http://html1.mh-extra.com/html/milwaukee/m18-hdct/m18-hdct_original-instructions-manual_1797842116.webp)
Deutsch
113
Mak
Македонски
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Пред да работи првпат со него и најмалку еднаш годишно,
операторот на овој уред мора да биде обучен за специфичните
опасности коишто се поврзани со користењето на овој алат и за
неопходните безбедносни мерки.
Компанијата што е ангажирана мора:
• Прирачникот за работа да му го стави на располагање на
операторот и
• да се увери дека операторот го прочитал и го разбрал.
Употребувајте заштитна опрема. Секогаш при користење
на уредот носете заштитниочила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Никогаш не држете ги прстите или други делови од телото во
во работното подрачје на цилиндарот или на челуста.
Пред да почнете со било какво подесување, чистење и
сервисирање на уредот, извадете ја батеријата.
Користете само уред, батерии и полначи кои се во технчки
беспрекорна состојба.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.
За да избегнете повреди и оштетувања, спречете го случајното
стартување на уредот.
Пред да почнете со ракувањето, отстранете ги сите алатки за
подесување и клучеви.
Не смеат да се обработуваат никакви делови кои се под
електричен напон.
Уредот НЕ е изолиран.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да го намалите ризикот од пожар,
повреда и оштетување на производот поради краток спој,
уредот, батеријата или полначот немојте никогаш да ги
потопувате во течност и не дозволувајте во нив да продре
течност. Корозивни или електроспроводливи течности,
како што се морска вода, одредени индустриски хемикалии
и избелувачки средства или производи што содржат
избелувачки средства и сл., можат да предизвикаат краток
спој.
Обавезно е потребно придр-жување кон одржу-вањето и
интервали-те на одр-жување.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој уред содржи една копчеста литиумска батерија.
Доколку се голтне, или доколку влезе во телото, нова
или стара батерија може да предизвика тешки внатрешни
изгореници и да доведе до смрт за помалку од два часа.
Секогаш обезбедувајте го поклопецот на батеријата. Доколку
не се затвора добро, запрете го уредот, извадете ја батеријата и
држете ја понастрана од деца. Ако мислите дека батеријата
била голтната или дека влегла во телото, веднаш побарајте
лекарска помош.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА АЛАТОТ ЗА
ПРЕСУВАЊЕ
Алатот за виткање мора да се користи само од обучен персонал
за електротехничка примена.
Проверете го алатот за виткање, челустите и трнот за
пресување за пукнатини и други знаци на абење пред секоја
употреба.
Користете го алатот за виткање само во совршено техничка
состојба.
Користете го алатот за виткање само со вметнат материјал за
поврзување.
Не ги допирајте челустите за пресување и трнот за пресување
при операцијата на пресување.
Во случај на дефекти за време пресувањето веднаш исклучете
ја склопката за вклучување и притиснете го копчето за
откочување на хидрауликата. Вентилот се отвора и клипот се
враќа во појдовната позиција.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Пресувањето да се врши само на спојни елементи кои не се под
електричен напон.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатот за пресување може да се користи само за пресување на
материјали за поврзување според спецификациите на уредот.
Пред почетокот со работа, да се исклучат сите активни делови
(т.е. делови под напон) во опкружување на монтерот.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Користете предмети за поврзување само според
спецификациите на уредот.
Погледнете ги упатствата за обработка и монтажа за спојните
елементи од документацијата на производителот.
Пред почеток на пресувањето, мора да се провери капацитетот
на батеријата: минимум 33% (види го описот на сликата). Може
да е неопходно полнење пред да започне работата.
Со ставањето во движење на контролниот прекинувач стартува
процесот на пресување кој се карактеризира со движење на
трнот за пресување.
Проверката и проценката на едно точно пресување е во
надлежност на корисникот.
Неточните спојки мора да се пресуваат одново со нов споен
елемент.
Постапка во случај на грешки
• Држете ја притисната склопката за ресетирање сè додека
челуста не се отвори целосно.
• проверете го капацитетот на батеријата
• Проверете го кабелот и предметот за поврзување според
техничките податоци.
• Доколку се сомневате дека пресувате некој кабел под напон,
алатот за пресување мора да се испита во некој овластена
сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од
експлозии, струен удар и оштетување на имотот и
опремата, никогаш не пресувајте електрични кабли под
напон.
Уредот НЕ е изолиран. Контактот со струјно коло под
напон може да доведе до тешка повреда или смрт.
Summary of Contents for M18 HDCT
Page 3: ......
Page 4: ...ONE KEY II I IV V VI III...
Page 5: ...2 I 1 2 1 2 3...
Page 6: ...3 I 78 100 33 54 55 77 10 32 10...
Page 7: ...4 III START 1 2 3 2 1 2 90 90 1...
Page 8: ...5 III AUTO STOP 4 1 1 5 5 2 3 A B 2 3...
Page 9: ...6 III STOP 1 2 3 1 2...
Page 10: ...7 ONE KEY IV ONE KEY IV REPORT...
Page 11: ...8 ONE KEY NE KEY IV 1 3 4 2 3V CR2032 3V CR2032 2 1 2 1...
Page 13: ...10 VI Service...
Page 59: ...Deutsch 56 EL EI I EI I M18 M18 EI I 2 33...
Page 103: ...Deutsch 100 P M18 M18 2 33...
Page 106: ...Deutsch 103 P 5 5 2015 2015 A G B H J D K E L F M 71364 10...
Page 108: ...Deutsch 105 40000 MILWAUKEE M18 M18 laden 2 O...
Page 116: ...Deutsch 113 Mak M18 M18 33...
Page 120: ...Deutsch 117 M18 M18 2 EIN 33...
Page 125: ...Deutsch 122 Ara ystem ystem 33...
Page 127: ...opyrig t 2020 Techtronic Industries GmbH a yt tra e 71364 Winnenden ermany 4931 4258 80...