88
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
•
Користете синџири и шипки одобрени за
овој модел на пила (видете „ТЕХНИЧКИ
ПОДАТОЦИ“).
►
Сл.38:
1.
Ѕвездест лагер
Пред да го монтирате новиот синџир на пилата,
проверете во која состојба е ѕвездестиот лагер.
ВНИМАНИЕ:
•
Изабениот ѕвездест лагер ќе го оштети
новиот синџир на пилата. Заменете го
ѕвездестиот лагер во тој случај.
Секогаш монтирајте нов прстен за заклучување кога
го заменувате ѕвездестиот лагер.
Одржување на синџирот и на
сопирачката за намалување
Системите за сопирање се многу важен дел од
безбедноста. Како и секој друг компонент на
моторната пила, тие се предмет на одреден степен
на абење. Мора редовно да се проверуваат од
страна на овластени сервисни центри на MAKITA.
Оваа мерка е за ваша сопствена безбедност.
Замена на јагленските четкички
►
Сл.39:
1.
Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
►
Сл.40:
1.
Капаче на држач на четкичка
2.
Одвртка
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
По замената на четките, поврзете го алатот во извор
на електрична енергија, вклучете го и оставете го да
работи без оптоварување околу 10 минути.
Алатка за складирање
Биоразградливото масло за синџир за пила
може да се чува само определено време. По две
години по производството, биолошките масла
добиваат адхезионен квалитет и ги оштетуваат
пумпата за масло и компонентите во системот за
подмачкување.
— Пред да ја ставите во мирување на подолго
време моторната пила, испразнете го
резервоарот за масло и наполнете го со мали
количества моторно масло (SAE 30).
— Вклучете ја накратко моторната пила за да
ги измиете остатоците биолошко масло од
резервоарот, системот за подмачкување и
механизмот на моторната пила.
НАПОМЕНА:
•
Кога моторната пила се земе од сервис, мали
количества масло за синџирот ќе истекуваат
од неа извесно време потоа. Ова е нормално
и не е знак на дефект.
Складирајте ја моторната пила на соодветна
површина.
Пред да почнете повторно да ја користите моторната
пила, наполнете ја со ново масло за синџир на пила
„БИОТОП“.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.