83
МАКЕДОНСКИ
4. Затегнувајте го синџирот на пилата сe додека
долната страна синџирот на пилата не влезе
во шината на шипката за водење (видете го
кругот).
5. Продолжете лабаво да ја држите
насочувачката шипка, стегнете ја преградата
на ѕвездестиот лагер откако ќе ја прилагодите
затегнатоста на синџирот. Осигурете се дека
синџирот на пилата не е лабав од долната
страна.
Осигурете се дека синџирот на пилата лежи точно
спроти долната страна од шипката.
ВНИМАНИЕ:
•
Не затегнувајте го синџирот на пилата
премногу. Преголема затегнатост на
синџирот на пилата може да предизвика да
се скрши синџирот на пилата, да ја изаби
насочувачката шипка и да ја скрши тркалото
за прилагодување.
•
Синџирот што е премногу олабавен може да
се откачи од шипката и затоа претставува
ризик од незгода.
•
Извршете ја постапката за монтирање или
демонтирање на синџирот на пилата на
чисто место, без прав и сл.
Активирање на продолжниот
кабел
ВНИМАНИЕ:
•
Уверете се дека продолжниот кабел е
откачен од приклучокот за електрична
енергија.
►
Сл.12:
1.
Закачалка за кабел
2.
Кабел на алатот
3.
Продолжен кабел
4.
Приклучник и
приклучок (обликот може да се разликува
во зависност од државата)
Кога го активирате продолжниот кабел, прицврстете
го на кабелот од моторната пила со закачалката за
кабел.
Закачете ја закачалката за кабел на растојание од
околу 100 - 200 мм од конекторот на продолжниот
кабел. Тоа помага да се спречи случајно откачување
на кабелот.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Цврсто држете го алатот со десната рака на
задната рачка и со левата на предната рачка
кога работите со алатот.
Вклучување
►
Сл.13:
1.
Копче за забравување
2.
Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
•
Пред секоја проверка на функцијата на
прекинувачот, проверувајте дали алтот
е исклучен и откачен од изворот на
напојување.
•
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, вградено е копче за забравување.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за забравување и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за исклучување на
алатот.
Подмачкување
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш проверувајте дали алатот е
исклучен и откачен од напојувањето пред да
го подмачкувате синџирот на пилата.
►
Сл.14
Подмачкајте ги синџирот на пилата и шипката со
биолошки-разградливо масло за синџир на пила со
агенс за адхезија. Агенсот за адхезија во маслото
за синџир на пила спречува маслото премногу
брзо да падне од пилата. Не треба да се користат
минерални масла бидејќи се штетни за животната
средина.
ВНИМАНИЕ:
•
Не дозволувајте маслото да дојде во допир
со кожата и со очите. Ако дојде во допир со
очите, може да предизвика иритација. Во
случај на контакт со очите, веднаш измијте
го зафатеното око со чиста вода и веднаш
консултирајте лекар.
•
Никогаш не користете отпадно масло.
Отпадното масло содржи канцерогени
супстанци. Загадувачите во отпадното масло
предизвикуваат забрзано абење на пумпата
за масло, шипката и синџирот. Отпадното
масло е штетно за околината.
•
Кога за првпат ја полните моторната пила
со масло за синџирот, или го полните
резервоарот откако тој целосно ќе се
испразни, додајте масло до долниот раб
на грлото на полначот. Инаку, може да има
проблеми со протокот на масло.
►
Сл.15:
1.
Капак за резервоар за масло
2.
Врвка
За да наполните масло, извршете ги следниве
чекори:
1. Исчистете ја внимателно областа околу
капачето на полначот на масло во целост за да
не влезе нечистотија во резервоарот за масло.
2. Одвртете го капакот на полначот за масло и
додајте масло до долниот раб на грлото на
полначот.