![Makita UC3550AP Instruction Manual Download Page 76](http://html1.mh-extra.com/html/makita/uc3550ap/uc3550ap_instruction-manual_4251648076.webp)
76
МАКЕДОНСКИ
Масло за синџирот
Сопирачката на синџирот е ослободена
Сопирачката на синџирот е активирана
Забрането!
Само за земјите од ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема
заедно со домашниот отпад!
Земајќи ја предвид европската
Директива за отпадна електрична
и електронска опрема и нејзиното
спроведување во согласност со
националните закони, електричната
опрема на крајот на работниот век мора
да се собира одделно и да се врати во
еколошки објект за рециклирање.
Наменета употреба
Aлатот е наменет за сечење на дрвена граѓа и цепаници.
Напојување
Алатот треба да се поврзува само со напојување
со напон како што е назначено на плочката и може
да работи само на еднофазна наизменична струја.
Алатот е двојно изолиран и може да се користи и со
приклучоци што не се заземјени.
Бучава
Типичната А-вредност за ниво на бучавата одредена
според EN60745 изнесува:
Ниво на звучниот притисок (L
pA
): 90,8 дБ (A)
Ниво на јачина на звукот (L
WA
): 101,8 дБ (A)
Отстапување (K): 2,5 дБ (A)
Носете заштита за ушите
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена според EN60745:
Работен режим: сечење дрво
Ширење вибрации (a
h
): 5,2 м/с
2
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
НАПОМЕНА:
Номиналната јачина на вибрациите
е измерена во согласност со стандардните
методи за испитување и може да се користи за
споредување на алати.
НАПОМЕНА:
Номиналната јачина на вибрациите
може да се користи и како прелиминарна проценка
за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на алатот
може да се разликува од номиналната вредност,
зависно од начинот на којшто се користи алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на операторот врз основа на проценка на
изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот
циклус, како периодите кога алатот е исклучен и
кога работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и
упатства за да можете повторно да ги
прочитате.
Безбедносни предупредувања за
моторната пила
1.
Чувајте ги сите делови на телото подалеку од
моторната пипа кога таа е вклучена. Пред да ја
вклучите моторната пила, уверете се дека синџирот
на пилата не допира ништо.
Миг на невнимателност
додека работите со моторна пила може да предизвика
да дојде до заглавување на вашата облека или на дел
од телото во моторната пила.
2.
Секогаш држете ја моторната пила со
десната рака на задната рачка и левата рака
на предната рачка.
Ако ја држите моторната
пила обратно, се зголемува ризикот за
здобивање физичка повреда, затоа никогаш не
треба така да постапувате.
3.
Електричниот алат држете го само за
изолираните површини за држење за тоа
што синџирот на пилата може да дојде во
допир со скриени жици или со својот кабел
.
Синџирите на пилите кои ќе допрат жица под
напон можат да пренесат струја на изложените
метални делови на електричниот алат и може
да предизвикаат електричен удар кај лицето
кое ракува со електричниот алат.
4.
Носете безбедносни очила и заштита за
ушите. Се препорачува дополнителна
заштита за главата, нозете и стапалата.
Соодветната заштитна облека може да ги
намали личните повреди од летачките отпадоци
или случајниот контакт со синџирот на пилата.
5.
Не ракувајте со мотора пила на дрво.
Ако
ракувате со моторна пила додека сте на дрво,
може да дојде до лична повреда.
6.
Секогаш заземајте правилна положба и
ракувајте со моторната пила само кога стоите
на фиксирана, безбедна, израмнета површина.
Лизгавите или нестабилните површини, на
пример, скали, можат да предизвикаат да изгубите
рамнотежа или контрола над моторната пила.
7.
Кога сечете гранка што е под тензија, бидете
подготвени дека може да се врати.
Кога ќе се
ослободи напнатоста во дрвото, еластичната
гранка може да го удри лицето кое ракува
со електричниот алат и/или да предизвика
моторната пила да работи без контрола.