85
МАКЕДОНСКИ
Проверување на подмачкувачот на
синџирот
Пред да почнете до работа, проверете го нивото на
масло во резервоарот и протокот на масло.
Нивото на масло може да се види низ стаклото за
ниво на масло прикажано на сликата.
►
Сл.20:
1.
Ниво на масло
Проверете го протокот на масло на следниов начин:
Вклучете ја моторната пила.
Кога работи пилата, држете го синџирот на пилата
околу 15 цм над стеблото на дрвото или земјата.
Ако подмачкувањето е соодветно, распрскувачот на
масло ќе остави мал слој на масло.
Внимавајте на правецот на ветрот и не изложувајте
се непотребно на млазот масло.
ВНИМАНИЕ:
•
Ако не се направи слој масло, не користете ја
пилата. Инаку, ќе се намали животниот века
на синџирот. Проверете го нивото на масло.
Проверете го жлебот на хранителот на
маслото и дупката на хранителот на масло во
шипката (види, „ОДРЖУВАЊЕ“).
Прилагодување на
подмачкувањето на синџирот
►
Сл.21
Може да ја прилагодите стапката на проток на
пумпата за масло со завртката за прилагодување.
РАБОТЕЊЕ СО МОТОРНАТА ПИЛА
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш користете ги предната рачка и
задната рачка, и цврсто држете го алатот и за
предната рачка и за задната рачка во текот
на работата.
•
Секогаш прицврстувајте го дрвениот
материјал што треба да се сече, бидејќи во
спротивно, отсечените делчиња може да
предизвикаат телесна повреда.
Сечење трупци
►
Сл.22:
1.
Назабен браник
За сечење трупци, потпрете го назабениот браник
прикажан на сликата, на дрвото што сакате да го
сечете.
Додека работи синџирот на пилата, засечете
го дрвото користејќи ја задната рачка за да ја
подигнете пилата, а предната рачка за да ја водите.
Користете го назабениот браник како насочувач.
Продолжете го сечењето со мал притисок на
предната рачка, лесно повлекувајќи ја пилата
наназад. Поместете го назабениот браник подолу
на дрвениот материјал и повторно подигнете ја
предната рачка.
Кога правите повеќе пресеци, исклучувајте ја
моторната пила меѓу пресеците.
ВНИМАНИЕ:
•
Ако горниот раб на шипката се користи
за сечење, моторната пила може да се
придвижи кон вас, ако се заглави синџирот.
Заради тоа, сечете со долниот раб, за пилата
да се придвижи во обратен правец од вашето
тело.
►
Сл.23
Кога сечете дрво под тензија, почнете од
притиснатата страна прво (А). Потоа последниот
пресек направете го на страната под тензија (B).
Така нема да се заглави шипката.
►
Сл.24
Кастрење
ВНИМАНИЕ:
•
Кастрењето може да го прават само обучени
лица. Постои ризик од повртен удар.
При кастрење, потпрете ја моторната пила на трупот
ако е можно. Не сечете со врвот на шипката, тоа
може да биде ризик од повратен удар.
Посветете особено внимание на гранките под
тензија. Не сечете одоздола гранки што не се
потпрени.
Не стојте на отсечениот трупец при кастрење.
Длабење и сечење во правец на
структурата на дрвото
ВНИМАНИЕ:
•
Длабењето и сечењето треба да го
изведуваат само лица што се посебно
обучени за тоа. Можноста да има повратен
удар е ризик од повреда.
►
Сл.25
Кога сечете во правец на структурата на, сечете под
што е можно потап агол. Изведувајте го сечењето
што е можно повнимателно бидејќи не може да е
користи назабениот браник.
Отсекување
ВНИМАНИЕ:
•
Отсекувањето може да го прават само
обучени лица. Тоа е опасна работа.
Почитувајте ги локалните регулативи ако сакате да
отсечете дрво.
►
Сл.26:
1.
Место за пилевина
— Пред да почнете со осекување, проверете
дали:
(1) само лица вклучени во операцијата на
отсекување се во близина;
(2) вклучените лица имаат непречен пат за
повлекување кој е околу 45 ° од двете
страни на оската на отсечокот; имајте
го предвид дополнителниот ризик од
спрепнување од електрични кабли;
(3) на основата на трупецот да нема туѓи
тела, корења и гранки;