80
МАКЕДОНСКИ
Превоз и складирање
Кога моторната пила не се користи или
кога се транспортира, извлечете го
електричниот приклучок и наместете
го капакот на насочувачката шипка
испорачан со пилата. Никогаш не носете
ја и не транспортирајте ја пилата додека
се движи синџирот на пилата.
1. Кога ја носите моторната пила, држете ја само
за предната рачка, со шипката свртена кон
назад.
2. Моторната пила чувајте ја во безбедна, сува и
заклучена соба, подалеку од деца. Не чувајте
ја моторната пила надвор.
ОДРЖУВАЊЕ
1. Извлечете го електричниот приклучок од
птекерот пред да полнете да го прилагодувате
или одржувате електричниот алат.
2. Редовно проверувајте дали изолацијата на
кабелот за струја е оштетена.
3. Редовно чистете ја моторната пила.
4. Редовно проверувајте дали изолацијата на
кабелот за струја е оштетена.
5. Не користете ја пилата ако не функционира
правилно прекинувачот. Поправете ја како што
треба.
6. Во ниеден случај не треба да се изменува
моторната пила. Тоа би претставувало ризик за
вашата безбедност.
7. Не изведувајте работи за одржување и
поправка што не се опишани во ова упатство
за користење. Сите други работи мора да се
извршуваат од страна на овластени сервисни
центри.
8. Користете само оригинални резервни делови
и додатоци наменети за вашиот модел на
пила. Користењето други делови го зголемува
ризикот од незгода.
9. Ние не прифаќаме никаква одговорност за
незгоди или штети ако се користат неодобрени
шипки, синџири на пилата или други резервни
делови или додатоци.
Прва помош
Не работете сами. Секогаш работете
доволно близу до некое лице што ќе ве
чуе ако викнете.
1. Секогаш имајте кутија за прва помош во
близина. Веднаш заменете ги сите предмети
земени оттаму.
2. Доколку ви треба помош во случај на незгода,
наведете:
•
каде се случила незгодата,
•
што се случило,
•
колку лица се повредени,
•
какви повреди имаат,
•
како и кој ја пријавува незгодата.
НАПОМЕНА:
Лицата со слаба циркулација што
се изложени на претерани вибрации, можат да
се здобијат со повреди на крвните садови и на
нервниот систем.
Вибрациите можат да го предизвикаат следново
на прстите, рацете или зглобовите: „Заспивање“
(отрпнување), треперење, болка, бодежи,
менување на бојата на кожата и на кожата.
Ако се појави некој од овие симптоми, одете
на лекар!
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.