Македонски
1
Употреба
Како се става, поставува, вади, расклопува и
составува маската, прикажано е на сликите:
Ставање на маската
Поставување на маската
Вадење на маската
Расклопување на маската
Составување на маската
2
Вовед
2.1 Намена
Маската JOYCEeasy Full Face / JOYCEeasy next Full Face
се користи за третирање ноќна апнеа и за
неинвазивна вентилација, како и за вентилација што
не одржува во живот на пациенти со вентилаторна
инсуфициенција. Таа служи како елемент за
поврзување помеѓу пациентот и уредот за терапија.
Користете ја маската за уста и нос без вентилација
само во комбинации со уреди за терапија што имаат
активен вентил за издишување.
2.2 Контраиндикации
Маската не смее да се користи во следниве
ситуации: потреба од непосредна интубација;
несвестица, акутно повраќање.
Маската смее да се користи само со посебно
внимание во следниве ситуации: точки од притисок
и акутни повреди на кожата на лицето; алергии на
кожата во областа на лицето; деформитети на
лицето или назофаринксот; акутна болка во областа
на лицето; ограничен или непостоечки рефлекс на
кашлање; клаустрофобија; акутна мачнина.
Доколку не сте сигурни дали некоја од овие
ситуации се однесува на Вас, прашајте го лекарот
што Ве третира или медицинскиот супервизор.
Имајте ги предвид и контраиндикациите во
упатството за употреба на вашиот уред за терапија.
2.3 Нус појави
При употреба на маската може да се појават
следниве нус појави: затнат нос, сув нос, утринска
сувост на устата, чувство на притисок во синусите,
иритација на конјуктивата, црвенила на кожата,
точки од притисок на лицето, вознемирувачки
звуци при дишењето.
При настанување на овие нус појави, обратете се на
лекарот што Ве третира или на Вашиот медицински
супервизор.
3
Безбедност
Опасност од повреда поради делови на
маската што се кршат!
Застарените или многу користените делови на
маската може да се одделат и да го загрозат
пациентот.
Имајте го предвид рокот на употреба.
Редовно проверувајте ги деловите на маската и
по потреба заменете ги предвреме.
Опасност од повреда поради воведување
кислород!
Кислородот може да се наталожи во облеката,
постелнината и косата. Во комбинација со пушење,
отворен оган и електрични уреди, може да
предизвика пожари и експлозии.
Не пушете.
Избегнувајте отворен оган.
Опасност од повреда поради воведување
кислород!
Кислородот може да се наталожи во облеката,
постелнината и косата. Во комбинација со
пушењето, отворениот оган и електричните уреди,
може да предизвика пожари и експлозии.
Не пушете.
Избегнувајте отворен оган.
Опасност од повреда поради повторно
вдишување CO
2
!
При погрешно ракување со маската, може да дојде
до повторно вдишување CO
2
.
Не затворајте го системот за издишување на
маската.
Ставајте ја маската на подолго време само кога
работи уредот за терапија.
Користете ја маската само во наведениот опсег
на притисокот за терапија.
Не аплицирајте ја маската кај пациенти што не
може сами да ја извадат маската.
Опасност од повреда поради лизгање на
маската!
Ако маската се лизга или паѓа, терапијата нема да
биде ефикасна.
Надгледувајте ги пациентите со нарушено
спонтано дишење.
Активирајте ги алармите за вакуум /
истекување на уредот за терапија.
Опасност од повреда поради анестетички
гасови!
Анестетичкиот гас може да излезе низ вентилот за
издишување и да им наштети на трети лица.
Никогаш не користете ја маската за време на
анестезијата.
MK
MK
LM
T
67
37
5c
1
0/
20
22
M
K