233
4. Како да го обновам насочувачот на фабричките поставки?
Поврзете го насочувачот со напојувањето и почекајте
насочувачот да го заврши процесот на стартување.
Користете игла за да го притиснете копчето
RESET
на
насочувачот подолго од две секунди додека сијаличката
на показателот не се исклучи. Почекајте насочувачот да го
заврши процесот на престартување. Кога показателот ќе
светне црвено, тоа значи дека насочувачот е обновен на
фабричките поставки.
Ако проблемот не е решен, обновете го насочувачот
на фабричките поставки и следете ги насоките во ова
упатство за повторно да ги поврзете каблите и да го
преконфигурирате насочувачот.
Ако конфигурираниот насочувач е обновен на фабричките
поставки, треба да го конфигурирате повторно. Потоа
обновете го другиот насочувач на фабричките поставки за да
може автоматско да се поврзе со конфигурираниот насочувач.
• Ако се прикаже пораката „Не е откриен кабел за
интернет“, уверете се дека каблите за етернет се добро
поврзани и се во добра состојба.
• Ако се прикаже пораката „Погрешно корисничко име или
лозинка“, повторно внесете ги сметката и лозинката за
широкопојасен интернет. Ако проблемот продолжи да се
појавува, контактирајте со операторот за помош.
5. Како да поврзам дополнителен насочувач HUAWEI
(со копче H/Hi) со HUAWEI WiFi Mesh за да ја проширам
мрежата Wi-Fi?
Може да го поврзете насочувачот на некој од следниве начини:
• Жичано поврзување. Поврзете ја портата WAN
на дополнителниот насочувач (нов или обновен
на фабричките поставки) со портата LAN на
конфигурираниот HUAWEI WiFi Mesh со користење кабел
за етернет.