38
MK: АПАРАТ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ |
Упатство за употреба
РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИ
Подолу се дадени совети за да се применат во случај на настанување на ситуациите опишани во табелата. Кога
апаратот е оштетен, за избегнување на опасност или поголеми загуби, контактирајте го овластениот сервис.
№
Проблем
Причина
Решение
1
Чад од отворите
за вентилација за
време на печење.
Некоја од состојките се залепила
на грејачот или блиску до него и по
површината на грејачот останале
маснотии.
Исклучете го апаратот за правење леб
од штекер и исчистете грејачот, но
внимавајте да не се изгорите. За време на
првата употреба, вклучете ја машината за
еден циклус на работа на суво и отворете
го капакот.
2
Долната коричка
на лебот е
премногу дебела
Лебот е се одржува топол и е оставен
во садот долго време, поради што има
голема загуба на вода.
Вадете лебот наскоро од машината, без да
го одржувате топол.
3
Многу тешко се
вади лебот
Мешалката за месење се залепила на
оската во садот.
По вадењето на лебот, истурете топла
вода во садот за леб и потопете ја
мешалката 10 минути, а потоа отстранете
и исчистете ја.
4
Не ги промешува
состојките
рамномерно и
пече лошо.
1. Избрана е погрешна програма
Одберете ја точната програма.
2. За време на работа на машината
капакот е отворен неколку пати и лебот
станал сув, нема препечена коричка.
Не отворајте го капакот по последното
нараснување.
3. Отпорот при месење е премногу
голем и мешалката речиси не може да
се врти и не меша добро.
Проверете го отворот на мешалката,
ставете садот празен и вклучете ја
машината, ако мешалката не се врти
нормално, контактирајте го овластениот
сервис.
5
По притискање
на копчето start/
stop на екранот се
појавува „hhh“.
Температурата во апаратот за правење
леб е премногу висока за подготовка
на леб.
Притиснете го копчето start/stop и
исклучете го апаратот за правење леб од
приклучокот, потоа извадете го садот и
отворете го капакот додека апаратот за
правење леб не се излади.
6
Се слуша дека
моторот работи,
но тестото не се
меша.
Садот за леб е лошо прицврстен или
има премногу тесто за да се меси.
Проверете дали садот е правилно
прицврстен, дали состојките за тестото
се според рецептот и дали се точно
измерени.
7
Лебот е премногу
голем и притиска
на капакот.
Има премногу квасец, брашно или
вода или температурата во собата е
премногу висока.
Проверете ги горенаведените фактори,
намалете ги количините.
8
Лебот е премногу
мал или лебот не
нараснал
Нема квасец или ставено е недоволно
квасец или квасецот не е со добра
активност, исто така температурата на
водата е премногу висока или квасецот
се измешал со солта или температурата
на собата е премногу ниска.
Проверете ја количината и
карактеристиките на квасецот, зголемете
ја температурата на собата.