30
MK: АПАРАТ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ |
Упатство за употреба
ВАЖНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ:
1.
Прочитајте го ова упатство за употреба целосно пред да пристапите кон работа со апаратот.
2.
Пред употреба, проверете дали напонот на ѕидниот штекер одговара на номиналниот напон, наведен на
фабричката ознака. Овој апарат е опремен со заземјен приклучок. Ве молиме бидете сигурни дека ѕидниот
штекер во вашиот дом е добро заземјен.
3.
Не користете го апаратот со оштетен кабел или приклучок или ако апаратот е неисправен. Вратете го на
производителот или контактирајте го најблискиот овластен сервисер за замена или проверка.
4.
Не допирајте ја жешката површина, откако ќе се испече лебот, носете кујнски ракавици.
5.
Не потопувајте го струјниот кабел, приклучокот, апаратот за правење леб во вода или во други течности за да не
дојде до струен удар.
6.
Исклучете го апаратот од струја, по употреба, кога нема да го користите и пред да пристапите кон чистење.
7.
Не дозволувајте кабелот да виси преку рабови на површина или да допира топли површини.
8.
Не користете никакви приклучоци кои не се препорачани од производителот.
9.
Не дозволувајте деца или инвалиди да работат со апаратот, без да бидат набљудувани или обучени.
10.
Не ставајте го апаратот на или во близина на извори на топлина, на пример гасни или електрични рингли.
11.
Треба исклучително да се внимава при преместувањето на апаратот кој содржи вжештено масло или други жешки
течности.
12.
Не допирајте ги подвижните или ротирачките делови на машината за време на печење.
13.
Во апратот за правење леб не треба да се става метална фолија или други материјали, бидејќи постои опасност од
пожар или краток спој.
14.
Никогаш не покривајте го апаратот за правење леб со крпа или друг материјал, топлината и пареата треба да
можат слободно да се одделат.
15.
Никогаш не потчукнувајте силно по садот за печење одозгора или по работ за да ја извадите, бидејќи ќе ја
оштетите.
16.
Никогаш не вклучувајте го апаратот без да сте сигурни дека садот за печење е сигурно поставен на своето место.
17.
Апаратот не е наменет за друг вид употреба.
18.
Не користете го на отворен простор.
19.
Чувајте го ова упатство за користење во иднина.
20.
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или систем за далечинско управување.
21.
Овој апарат е наменет за употреба во домашни или слични услови, на пример: кујнски простории за персоналот
во работилници, канцеларии и други работни простории, фарми и за гости во хотели, мотели и други простории
за сместување, сместување од типот „ноќевање со појадок“.
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛЕБ:
Прозорче за набљудување
Чашка за
мерење
Лажица за
мерење
Kука
Капак
Мешалка за месење
Сад за печење
Панел со
контроли
Куќиште