99
со вода, треба да бидат постојано и сигурно поврзани со безбедносниот водник.
Приклучувањето на грејачот на електричната мрежа треба да биде извршена
согласно стандардите за електирични справи. Помеѓу грејачот и постојаната
инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полиња од
електричната мрежа согласно националните прописи за инсталација. Како
прекинувачи за одвојување се дозволени и автомати со осигурувачи.
Приклучување на водоводната мрежа
Треба да се земат предвид упатствата за вградување, приклучување и употреба на
бојлерот на топла вода. Задолжително треба да се спречи и можноста за суво
вклучување.
Прво активирање
Пред да го приклучите бојлерот на електричната мрежа, истиот треба да го
наполните со вода. При првото загревање на водата во бојлерот треба да се врши
надзор! Со загревањето на водата во внатрешниот котел се создава вода што се
шири и што при притисок затворениот систем за приклучување почнува да капе од
безбедносниот вентил, а при т.н. без притисок – отворениот систем на приклучување
од проточната батерија за мешање. Треба да се контролира автоматското
исклучување на терморегулаторот.
Во случај на поправка, треба да се употребуваат исклучиво оригинални резервни
делови!
Упатства за корисникот
1.
Во зависност од содржаниот варовник во водата и од условите за работа, треба,
во одредени временски растојанија, со помош на електричниот грејач, да го
потргнете бигорот. Препорачуваме вградување справа за омекнување на водата,
односно соодветно да се намали температурата на загреаната вода. Имајте предвид
дека при оштетување на електричниот грејач, којашто би настанала како последица
од создавање варовник, гаранцијата нема да важи.
2.
Температурата во грејачот можете соодветно, со оглед на користењето топла
вода, со помош на терморегулатор, да ја подесувате бесстепенски. Максимално
подесената температура изнесува приближно 75 °C, а минимално подесената
температура приближно 9 °C. При подесувањето на 75 °C, температурата се
намалува на приближно 65 °C, пред грејачот повторно да се вклучи. За да се спречи
пребрзото создавање варовник на грејачите, препорачуваме терморегулаторот да го
подесите под 60 °C. Тоа подесување е прикажано на долната слика на положбата на
регулаторот.
3. Доколку за време на употребата се појават пречки, односно дефекти, повикајте го
овластениот сервисер. Не обидувајте се дефектот да го отстраните сами. За едно
стручно лице, тоа вообичаено значи само еден мал зафат, и вашиот електричен
грејач повторно ќе работи.
Ве молиме, евентуелните дефекти на вградениот електричен грејач да не ги
поправате сами, туку за нив да ја известите најблиската сервисна служба.
MK
Summary of Contents for TC 200 ZCR
Page 1: ...TC 200 300 ZCR ...
Page 152: ...07 2013 408740 ...