101
Со приклучувањето на другите извори за загревање, треба да се води грижа за
правилната изведба на температурната регулација на дополнителниот извор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
во случај на приклучување колектори на сончева енергија,
како надворешен извор на топлина, работењето на агрегатната топлотна пумпа мора
да биде исклучено. Во спротивно, комбинацијата на двата извора на енергија може
да доведе до прегревање на санитарната вода, и како последица на тоа до
прекумерно високи притисоци.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
циркулацискиот вод може да доведе до дополнителни
топлотни загуби во резервоарот за вода.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По приклучувањето на бојлерот на водоводната и електричната мрежа, односно на
другите извори на греење, бојлерот на топлинските пумпи е подготвен за употреба.
Кај правилната подесеност и употреба на топлинската пумпа, таа ке работи без
сервисирање и одржување.
Доколку постои опасност од замрзнување на водата во бојлерот, испуштете ја од
истиот. Притоа, отворете ја рачката за топла вода на една од батериите, која е
приклучена на бојлерот. Испуштете ја водата од бојлерот низ еден од, за тоа
предвидените, испустните вентили на доводната цевка. Чистите ја надворешноста на
бојлерот со благ раствор од прашок за перење. Не употребувајте разредувачи и
груби средства за чистење.
Со редовни сервиси ќе постигнете беспрекорна работа и долг животен век на
бојлерот. Гаранцијата против ‘рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги
изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди.
Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци.
Прегледите мораат да бидат извршени од страна на овластен сервисер, којшто секој
преглед ќе ви го забележи во гарантниот лист на производот. При прегледот се
проверува истрошеноста на противкорозиската заштита на анодата, и по потреба се
чисти бигорот, којшто се собира во внатрешноста на грејното тело, во зависност од
квалитетот, количеството и температурата на потрошената вода. Сервисната служба
при прегледот ќе ви препорача датум за повторна контрола, во зависност од
затекнатата состојба.
И покрај внимателното производство и контролата, кај работењето на топлинската
пумпа може да дојде до одредени проблеми и грешки, кои, по правило, треба да
бидат исправени од страна на овластениот сервисер.
Пред пријава на евентуалните грешки, морате да ги проверите следниве работи:
-
Дали е с во ред со доводот на електричната енергија?
-
Дали постојат пречки за воздухот што излегува (испарувачот може да замрзне
доколку темп. на околината е прениска)?
-
Дали се слуша работењето на компресорот и вентилаторот?
Доколку настанат дефекти на грејното тело, Ве молиме да не ги поправате
дефектите сами, туку да ја известите најблиската сервисна служба.
MK
Summary of Contents for TC 200 ZCR
Page 1: ...TC 200 300 ZCR ...
Page 152: ...07 2013 408740 ...