91
На заднината на бојлерот за топла вода се направени канали за сензори (H1, H2),
каде што можат да се стават сензори за регулација на системското поврзување на
болјерот за топла вода со другите извори на загревање. Пристапот до каналите e
под спојот за прекривање на заштитниот слој, приближно до половина од висината
на бојлерот за топла вода (ознака J на цртежот).
Ставете го сензорот во каналот и фиксирајте го:
-
доколку сензорот го поставите повисоко во каналот, термостатот ќе реагира побрзо,
интервалите на работа на циркулациската пумпа ќе бидат пократки, разликата
помеѓу температурата на водата во резервоарот и медиумот за загревање ќе биде
повисока по исклучувањето на термостатот, а како последица на тоа, количината и
температурата на топлата вода во резервоарот ќе бидат пониски,
-
доколку сензорот го поставите пониско во каналот, интервалите на работа на
циркулациската пумпа ќе бидат подолги, разликата помеѓу температурата на
медиумот за загревање и достигнатата температура на водата во резервоарот ќе
биде пониска, а температурата и количината на водата во просторот за загревање
нешто повисоки.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА
Извршете го приклучувањето во водоводната мрежа според ознаките за приклучоци
од претходното поглавје.
За безбедност при работењето, на доводната цевка треба задолжително да вградите
безбедносен вентил, којшто го спречува зголемувањето на притисокот во котелот за
повеќе од 0,1 MPa од номиналниот. Отворот за истекот на безбедносниот вентил
треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок. За правилно
работење на безбедносниот вентил, треба сами да вршите редовни контроли на
секои 14 дена за да се отстрани бигорот и за да се провери евентуалната блокада на
безбедносниот вентил. При проверката, со движење на рачката или со одвртување
на завртката на вентилот (зависно од типот на вентилот) треба да го отворите
истекувањето од безбедносниот вентил. Притоа, низ отворот за истек на вентилот
треба да истече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен. Со загревањето на
водата во бојлерот, притисокот на водата во котелот се зголемува до границата,
којашто е подесена на безбедносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во
водоводната мрежа е попречено, можно е да се предизвика капење вода од оточниот
отвор на безбедносниот вентил. Овие капки вода можете да ги насочите во одводот
со наставката за ловење, којашто ќе ја наместите под безбедносниот вентил.
Одводната цевка, наместена под испуштањето на безбедносниот вентил, треба да
биде наместена во насока надолу и во околината што не замрзнува.
Во случај кога е извршена инсталација на несоодветен начин, а немате можност да
ја пренасочите водата што капе од безбедносниот вентил во одводот, капењето
можето да го избегнете со сад за експанзија, наместен на доводната цевка на
грејачот. Волуменот на садот за експанзија изнесува приближно 3% од волуменот на
котелот.
Бојлерот можете да го приклучите на куќната водоводна мрежа без редукциски
вентил, доколку притисокот на мрежата е понизок од 0,6 MPa. Во спротивен случај,
треба да се вгради редукциски вентил на притисокот (вентил за намалување на
притисокот?), којшто ќе спречи притисокот во мрежата да го надмине номиналниот
притисок.
MK
Summary of Contents for TC 200 ZCR
Page 1: ...TC 200 300 ZCR ...
Page 152: ...07 2013 408740 ...