70
M
K
• Поставете го чистачот ШТО ПОБЛИСКУ до
снабдувањето со вода.
• Пакувањето е лесно рециклирачко и мора
да се депонира во согласност со прописите.
• Користете го чистачот само со оригинален
прибор и резервни делови, одобрени
од производтелот. Со користење на
оригинален прибор и резервни делови
обезбедувате безбедно и без проблеми
ракување.
• Чистачот мора да се користи врз безбедна,
стабилна површина.
• Избегнувајте ненамерно повлекување на
чкрапецот. Не го одржувајте склопт копје/
чкрапец со рака врз чкрапецот. Секогаш да
го користите механизмот за забравување
на чкрапецот.
• Уверете се дека го користите забравникот
за чкрапецот, кога не го користите уредот,
за да се спречи случајно вклучување.
• Прочитајте ги сите упатства, пред
користење на машината.
• Со машината не треба да ракуваат деца.
Децата да се надгледуваат за да не се
играат со машината. Ова машина не смеат
да ја користат лица (вклучувајќи ги и
децата) со намалени физички, чувствителни
или ментални способности или со недостиг
на искуство и знаење
• Приклучувањето на електрична мрежа да
се врши од страна на стручно лице и во
согласност со IEC 60364-1. Снабдувањето
со електрична енергија треба да биде
со резидуален моментен уред кој ќе го
исклучи снабдувањето ако заземјувањето
надминува 30 mA за 30 ms.
• Машина е наменета за температури над 0°.
(Само за машина со напоен кабел H05VV-F).
• Метод кој треба да се следи во случај
на несреќа (нпр. контакт са детергенти:
измијте со многу чиста вода) или дефект, за
спречување на опасни ситуации.
• Оваа машина е конструирана за користење
на растворено средство за чистење или
препорачано средство од производителот.
Користење на средства за чистење или
хемикалии може негативно да влијае врз
безбедноста на машина.
• Се препорачува носење на заштита за
очите.
• Не ја користете машината во близина на
лица, освен ако не носат заштитна облека.
• Не го насочувајте млазот кон себе или кон
други, со цел да чистите облека или обувки.
• Ризик од експлозија - Не распрскувајте
запаливи течности.
• Цревата за висок притисок, приклучоците
и спојките се важни за безбедноста на
машината.
• Користете црева, приклучоци и спојки кои
се препорачани од производителот.
• За да се обезбеди безбедност на машината,
користете само оригинални резервни
делови од производителот или одобрени
од производителот.
• Водата која истекува низ повратниот
вентил се смета дека не е за пиење.
• Машината треба да е исклучена од струја
за време на одржување или чистење и при
измена на машината за друга функција.
• Внимавајте на оддалеченост од најмалку
30 cm, кога со млаз чистите бојосани
површини, за да избегнете оштетување на
бојата.
• Не ја користете машината со оштетен кабел
или оштетени важни делови од машината,
нпр. сигурносни уреди, црево за висок
притисок, чкрапец за пиштол.
• Ако користите продолжен кабел,
приклучокот и приклучницата мораат да
бидат водонепропустни.
• Несоодветни продолжни кабли се опасни.
Ако се користи продолжен кабел, тој треба
да биде погоден за користење на отворено,
а приклучокот да се одржува сув и да не
допира на земја. Се препорачува ова да се
постигне со помош на макара за кабел, со
која приклучокот ќе биде подигнат најмалку
60 mm над земјата.
• За избегнување на опасност од ненамерно
ресетирање на термичкиот прекинувач,
уредот не смее да се напојува преку
надворешен прекинувачки уред, како
што е тајмер или да е поврзан со кола кои
редовно се вклучуваат и исклучуваат при
користење.
• За да се обезбеди безбедност на
машината, користете само оригинални
резервни делови (вклучително и млазници)
од производителот или одобрени од
производителот. Не ја користете машината
пред да ги смените оштетените делови.
Summary of Contents for GRM1022
Page 2: ...2 Fig 1 Fig 2 8 1 4 11 10 5 3 12 6 9 7 2 3...
Page 69: ...69 MK 1 1 2 On off 3 4 5 6 7 8 9 10 12 12 2 1 5 mm2 TSS 1 2 min IPx5...
Page 70: ...70 MK IEC 60364 1 30 mA 30 ms 0 H05VV F 30 cm 60 mm...
Page 71: ...71 MK V Hz 1 2 min...
Page 72: ...72 MK 0 01MPa 0 4MPa 5m EN 60335 2 79 3 1 2 3 4 5 6 7 2 3...
Page 73: ...73 MK 2 4 0 V Hz 30 mA 30 ms 2 3 min 2 5 50 1...
Page 74: ...74 MK 2 3 4 5 5 C...
Page 75: ...75 MK 2012 19 EU...
Page 76: ...76 Exploded view...
Page 78: ...78...