Македонски |
283
u
Облечете се соодветно.
Не носете широка облека и накит.
Косата и
алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови.
Широката облека,
накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
u
Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети,
проверете дали се правилно поврзани и користени.
Собирањето прашина
може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
u
Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве
направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење.
Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во
дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
u
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен
алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и
побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
u
Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со
помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
u
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на
батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате електричниот алат.
Со овие
превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на
електричниот алат.
u
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте
лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот.
Електричните алати се опасни во рацете на
необучени корисници.
u
Одржување на електрични алати и дополнителна опрема.
Проверете го
порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз
функционирањето на електричниот алат.
Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
u
Острете и чистете ги алатите за сечење.
Соодветно одржуваните ивици на
алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
u
Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во
согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која
Bosch Power Tools
1 609 92A 5MN | (12.02.2020)