27
МК
Внатрешноста на уредот избришете ја со слаб раствор од
сода бикарбона. Потоа измијте ја со топла вода со помош
на сунѓер или крпа што може да се исцеди. Полиците и
преградата за салати измијте ги со топла вода со сапуница
и целосно исушете ги пред повторно да ги поставите
во уредот. Надворешниот дел на уредот исчистете го со
влажна крпа. Доколку Ви се потребни повеќе информации,
погледнете го одделот Чистење.
Како би ја осигурале безбедноста при употреба, во никој
случај не го оштетувајте кабелот за напојување и не го
употребувајте уредот доколку кабелот е оштетен или
приклучокот е истрошен.
За да спречите оштетувања на производот или појава на
пожар, во фрижидерот не ставајте запаливи, експлозивни
и испарувачки предмети, ниту предмети кои лесно
кородираат.
За да избегнете појава на пожар, не ставајте запаливи
предмети во близина на фрижидерот.
Овој производ е фрижидер наменет за употреба во
домаќинството и е погоден исклучиво за чување на храна.
Според националните стандарди, фрижидерите наменети
за употреба во домаќинството не смеат да се користат во
никакви други цели, какви што се складирање на крв, лекови
или биолошки производи.
Во замрзнувачот не ставајте предмети какви што се течности
во шише или во затворени садови, од типот на флаширани
пива или пијалоци, како би избегнале нивно пукање и други
штети.
Чистење пред употреба
Пред употреба на уредот
• Пред поврзување во струја
Морате да проверите дали има штекер кој е
компатибилен со приклучокот доставен со уредот.
• Пред да го вклучите уредот!
Уредот не го вклучувајте барем два часа по
неговото пренесување.
Внатрешни пропратни елементи
Вашиот уред содржи различни стаклени или пластични
полици за складирање – комбинациите се разликуваат во
зависност од моделот.
Една од стаклените полици за складирање, која ја зазема
комплетната површина на уредот, треба секогаш со лизгање
да ја вметнете на најниското ниво, над преградата за овошје
и зеленчук, и да ја оставите на тоа место. Ова направете
го така што ќе ја повлечете полицата за складирање кон
напред, до положба во која е можно нејзино ротирање кон
горе или долу и отстранување.
За да ја поставите полицата на некоја друга висина, следете
ги горенаведените чекори, но во спротивен редослед.
Како би го искористиме максимално просторот
во преградата за чување на свежа храна и во
преградата за чување на замрзната храна, можете
да отстраните една или повеќе полици и фиоки
од уредот, во зависност од Вашите секојдневни
потреби.
ПРИКАЗ НА ПРОИЗВОДОТ
метална полица
преграда на фрижидерот
термостат
стаклена полица
полица за ладење
прилагодлива ногарка
Пред да ставите каква било храна во уредот, вклучете го
и почекајте 24 часа, како би биле сигурни дека работи на
соодветен начин и како би му оставиле доволно време за
температурата да се спушти на соодветните вредности.
Уредот не треба да се преполнува.
Распоред на фиоки, кутија за чување
храна, полица итн. организирано според
сликата погоре, најмногу придонесува за
енергетската ефикасност на уредот.
*Сите слики во ова упатство за
употреба се прикажани исклучиво во
илустративни цели; за точниот изглед,
погледнете го Вашиот уред.
Содержание RD2400M1
Страница 2: ......
Страница 24: ...24 EN 8 3 8 48 5 1 2 3 s 4 1 2 3 4 G...
Страница 25: ...25 2 3 A 4 45 B C 1 10 cm 10 cm 30 cm...
Страница 26: ...26 5 6 7 8 9 10 11 12 D 902 1052 mm D...
Страница 27: ...27 24...
Страница 28: ...28 Off Min Med Max Max Med 24 OFF...
Страница 29: ...29 1 2 3...
Страница 30: ...30 4 5 C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1 10 C 32 C 16 C 32 C 16 C 38 C 16 C 43 C...
Страница 52: ...tesla info...