29
МК
ОДРЖУВАЊЕ
Замена на внатрешното осветлување
Замената на сијалиците треба да ја изврши стручно лице.
Внимателност при ракување /
пренесување на Вашиот уред
При пренесување, уредот придржувајте го за страничните
делови или за основата. Во никој случај уредот не треба да
се подигнува држејќи го за краевите на горната површина.
Сервисирање
Сервисирањето на уредот треба да го изврши овластено
техничко лице, кое притоа ќе користи исклучиво оригинални
резервни делови. Поправките на уредот во никој случај не
ги вршете сами. Поправките кои ги врши лице без искуство
може да резултираат со повреди или сериозни оштетувања.
Обратете се кај квалификувано техничко лице.
Исклучување на уредот во текот на
подолги временски периоди
Кога уредот не го употребувате во текот на подолг
временски период, исклучете го од струја, испразнете го и
исчистете го, а вратата делумно отворете ја како би спречиле
создавање на непријатна миризба.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Корисникот може сам да ги реши едноставните проблеми наведени подолу во текстот. Доколку не успеете да ги решите
проблемите, повикајте го секторот за услуги на одржување.
Уредот на работи
Проверете дали замрзнувачот е вклучен во струја;
Низок напон;
Недостаток на струја или искокнување на осигурувачот.
Миризба
Храната која испушта јаки мириси треба добро да се завитка;
Проверете дали храната е расипана;
Проверете дали е потребно да се исчисти внатрешноста на
уредот.
Долготрајно работење на компресорот
Нормално е фрижидерот да работи подолго во текот на летото,
кога надворешната температура е повисока;
Не ставајте премногу храна одеднаш во замрзнувачот;
Не ставајте храна додека претходно не се олади;
Често отворање на вратата на фрижидерот.
Ламбата не свети
Проверете дали фрижидерот е приклучен на струја;
Проверете дали ламбата е оштетена.
Вратата на фрижидерот не се затвора на соодветен
начин
Амбалажата за храна ја блокира вратата на замрзнувачот;
Преголема количина на храна;
Фрижидерот е наведнат.
Гласни звуци
Проверете дали храната е изнивелирана и дали фрижидерот е
урамнотежен;
Проверете дали деловите се поставени на соодветен начин.
Совети
• При работењето, особено во летните месеци, куќиштето
на фрижидерот може да емитува топлина настаната од
зрачењето на кондензаторот, што е вообичаена појава.
• Кондензација: кондензатот ќе се формира на
надворешните површини и на заптивките на вратата
на замрзнувачот при висока влажност во просторијата.
Станува збор за нормална појава, а кондензатот може да
се избрише со сува крпа.
• Зуење: Во текот на работењето, компресорот ќе зуи,
особено при вклучување и исклучување.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Предупредувања за енергија
1. Фрижидерите може да станат несигурни за време на работата (можно одмрзнување на содржината или развој на
превисока температура во одделот за замрзната храна) ако се чуваат подолг временски период на температури под
работниот опсег на температурата наведени за даден ладилен апарат.
2. Газираните пијалоци не треба да се чуваат во оддели или комори за замрзнување или во оддели или комори со ниски
температурни вредности, додека одредени производи, како што е мразот, не треба да се консумираат кога се премногу
ладни;
3. Потребно е да се внимава при складирање на каков било вид на храна што се чува во замрзнувач или оддели или
комори за замрзнување на храна, а особено комерцијална храна за брза замрзнување, рокот на траење препорачан од
производителот на храна да не биде надминат.
Содержание RD2400M1
Страница 2: ......
Страница 24: ...24 EN 8 3 8 48 5 1 2 3 s 4 1 2 3 4 G...
Страница 25: ...25 2 3 A 4 45 B C 1 10 cm 10 cm 30 cm...
Страница 26: ...26 5 6 7 8 9 10 11 12 D 902 1052 mm D...
Страница 27: ...27 24...
Страница 28: ...28 Off Min Med Max Max Med 24 OFF...
Страница 29: ...29 1 2 3...
Страница 30: ...30 4 5 C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1 10 C 32 C 16 C 32 C 16 C 38 C 16 C 43 C...
Страница 52: ...tesla info...