94
!
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и
топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!
!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да
предизвика бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе,
крпа или сличен предмет под детското седиште за да го заштитите
седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а)
Оддел за чување на Упатството
за корисник
(b)
Наслон за грб
(c)
Приспособлив наслон за глава
(d)
Рачка за приспособување на
висината на наслон за глава
(e)
Перниче
(f)
Заштитник
(g)
Водилка на каиш за Група 1
(h)
Водилка на скутен каиш за
Група 2/3
(i)
Водилка на каишот за рамо
(j)
Странична заштита од удар
(k)
Рачки за заклучување ISOFIX-
Connect
(l)
Рачка за прилагодување на
ISOFIX-Connect
(m)
Копче за ослободување ISOFIX-
Connect
(n)
Безбедносен индикатор ISOFIX-
Connect
(o)
Точки за закотвување ISOFIX
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб
(b)
со перничето
(e)
со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Потоа, преклопете го
наслонот за гр б
(b)
нанапред. Поставете го заштитникот
(f)
на перничето
(e)
.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Детското седиште со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
може да се користи на сите седишта на возилото што имаат автоматски
каиши со три точки за фиксирање коишто во прирачникот за возило се
одобрени за „универзална“ употреба.
Сертификацијата „полууниверзален“ им се дава на системите за врзување
што се поврзуваат со возилото преку рачки за заклучување ISOFIX-
Connect
(k)
. Од оваа причина, ISOFIX-Connect може да се употребува
само во одредени возила. Осврнете се на приложениот список со типови
возила за одобрените возила. Може да ја добиете најновата верзија на
www.cybex-online.com
.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
•
наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
•
кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште,
тоа е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебот за
водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX-Connect
(l)
под
перничето
(e)
и повлечете ги целосно двете рачки за заклучување
ISOFIX-Connect
(k)
.
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
180
степени, така што да бидат завртени во правец на точките за
закотвување ISOFIX
(o)
.
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги двете рачки за заклучување
(k)
во точките за закотвување
ISOFIX
(o)
сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека
не слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX-Connect
(l)
и турнете
го седиштето за автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб
(b)
на
детското седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на
возилото.
💡
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека,
повлечете го целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта на
возило завртени наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи
се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX
(o)
. Зелените
безбедносни индикатори
(n)
мора да бидат јасно видливи на двете
страни на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX-Connect, може да се остави во
долниот дел на седиштето.
💡
Кога користите ISOFIX-Connect, се создава врска со возилото што
ја зголемува безбедноста на детето. Сепак, детето треба да се врзи
со каишот со три точки за фиксирање на возилото и заштитникот за
Групата 1.
MK