96
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од четири дела (наслон за
глава, наслон за грб, перниче и заштитник). Тие се прицврстени заедно
на неколку места со дрикер-копче. Штом ќе ги откопчате сите дрикер-
копчиња, ќе може да ги отстраните поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги
упатствата за отстранување по обратен редослед.
💡
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на
програма за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави
бледнеење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката
одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта
или на директна сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во
која производот му беше продаден на клиентот од застапник или во
малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации
потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата
почетна страница:
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats
.
Ако гаранцијата е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае
врз вашите законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.
MK