422
Македонски
Бидете внимателни кога го користите уредот при
пешачење или кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да
избегнете повреди кај Вас и кај другите.
Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од
себе
Не носете го уредот премногу цврсто. Не заборавајте да
го одржувате уредот чист и сув. И покрај тоа што овој
уред ги исполнува меѓународните барања за безбедност,
некои луѓе може да почуствуваат дразнење на кожата,
ако се алергични на одредени супстанции.
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните
делови и да го спречат правилното работење.
• Ако сте алергични на боја или метални делови од
уредот, може да почувствувате чешање, егзема или
натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со
употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.
Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите
раце и лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на
Samsung за да биде поправен.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари
на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не
функционира правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред
може да биде оштетен и некои делови може да не
функционираат.