413
Македонски
• Samsung не може да биде одговорен за безбедноста
на корисникот кога употребува додатоци или делови
коишто не се одобрени од Samsung.
Не испуштајте го и не предизвикувајте удари на
полначот или на уредот
Внимателно ракување и фрлање на уредот и
полначот во отпад
• Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган.
Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на
или во загреани уреди, како што се микробранови
печки, рерни или радијатори. Уредот може да
експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете
ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад
употребена батерија или уред.
• Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
• Избегнете изложување на уредот на висок надворешен
притисок што може да доведе до внатрешен краток
спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од
оштетување
• Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на
многу ниски или многу високи температури.
• Екстремните температури може да го оштетат уредот и
да го намалат капацитетот на полнење и работниот век
на Вашиот уред и батерија.
• Не поврзувајте ги директно позитниот и негативниот
пол на батеријата и спречете да не дојде во допир
со метални предмети. Тоа може да предизвика
неправилно работење на батериите.
• Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.