10
МАКЕДОНСКИ
Немојте да ја фаќате храната или кој било дел за време или
непосредно по готвењето.
- Употребувајте ракавици за готвење бидејќи тие можат да бидат
многу жешки и можете да се изгорите.
- Ако нанапред повлечете керамичка чинија или повеќенаменска
тава, храната може да се истури и може да дојде до изгореници.
Доколку површината е напукната, исклучете го преклопникот за
напојување на уредот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
електричен удар.
Немојте да го гребете стаклото на вратата од печката со остар
предмет.
- Ова може да предизвика оштетување или кршење на стаклото.
Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети
врз него (како алишта, капаци, запалени свеќи, запалени цигари,
садови, хемикалии, метални предмети итн.).
- Одредени предмети, како алишта, можат да бидат потфатени од
вратата.
- Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со
производот или повреди.
Немојте да ракувате со уредот со мокри раце.
- Ова може да предизвика електричен удар.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на
површината од уредот.
- Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика
електричен удар, пожар или проблеми со производот.
Немојте да вршите прекумерно притискање или удирање на
вратата или внатрешноста од уредот.
- Ова може да предизвика деформирање на уредот или повреда
заради истекување на електрични бранови.
- Потпирањето на вратата може да предизвика паѓање на
производот и повреда.
- Ако вратата е оштетена, немојте да го употребувате уредот и
обратете се до најблискиот сервисен центар.
Немојте да го поставувате уредот врз кршливи елементи како
лавабоа или стаклени елементи.
- Ова може да предизвика оштетување на лавабото или
стаклениот елемент.
Користете го уредот само откако ќе ја затворите вратата.
- Ако уредот го користите кога тој е контаминиран со надворешни
супстанци како отпадоци од храна, може да настанат проблеми
со уредот.
Внимавајте при отстранувањето на обвивката на храната која
штотуку сте ја извадиле од уредот.
- Ако храната е жешка, при отстранувањето на обвивката
ненадејно може да се рашири жешка пареа и можете да се
изгорите.
Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за
напојување, секогаш цврсто фатете го приклучокот и повлечете
директно од штекерот.
- Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој,
пожар и/или електричен удар.
Немојте да го приближувате лицето или телото до уредот за време
на готвењето или при отворање на вратата веднаш по готвењето.
- Обрнете внимание децата да не се доближуваат до уредот.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
изгореници заради топлината.
Не поставувајте храна или тешки предмети врз вратата при
нејзиното отворање.
- Храната или предметот можат да паднат и тоа може да
предизвика изгореници или повреда.
Немојте да вршите нагло разладување на вратата, внатрешноста
на уредот или садовите преку истурање на вода врз нив веднаш
по готвењето.
- Ова може да предизвика оштетување на уредот. Пареата или
прскањето со вода можат да предизвикаат изгореници или
повреда.
Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни
тајмери или одделни системи за далечинска контрола.
GW73V_BOL-03416M_MK.indd 10
2010-05-20 7:48:40