9
МАКЕДОНСКИ
Не вклучувајте го кабелот за напојување доколку е воден и држете
го подалеку од загреана површина.
Не вклучувајте го уредот ако кабелот или приклучокот се оштетени.
НЕ употребувајте ja микробрановата печка кога е празна.
Напојувањето автоматски се исклучува заради безбедност.
Повторно користење ќе биде можно по околу 30 минути. Најдобро
е во печката постојано да чувате чаша со вода. Водата ги
апсорбира микробрановите доколку печката случајно се вклучи.
прЕДупрЕДувАњЕ :
Ако вратата или делот за затворање се
оштетени, печката не треба да се употребува с
è
додека не се
поправи од страна на квалификувано лице.
прЕДупрЕДувАњЕ :
Течностите и останатата храна не смеат да
се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.
Ако уредот е преплавен, веднаш прекинете го доводот на
напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
електричен удар или пожар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим,
веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до
најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
електричен удар или пожар.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да
вршите модификации на уредот.
- Бидејќи во куќиштето на уредот постои висок напон, тоа може
да предизвика електричен удар или пожар.
- Вие можете да бидете изложени на електромагнетни бранови.
- Кога е потребна поправка на уредот, обратете се до најблискиот
сервисен центар.
прЕДупрЕДувАњЕ :
Ризично е лицата кои не се компетентни
да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој
овозможува заштита од микробрановата енергија.
Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како
вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до
најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до
електричен удар или пожар.
Ако се појави чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето
и оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот;
Мерки на претпазливост при користењето
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови,
тенџериња со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси.
причина :
Електрично празнење или искри може да предизвикаат
оштетување на печката.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте
да не дојде до палење;
За малите количества храна потребно е пократко време на
готвење или загревање. Доколку се постават стандардните
времиња може да дојде до прегревање и загорување.
Можно е да чуете одредени звуци ("кликнување") при работата
(особено кога во печката се одмрзнува храна).
причина :
Овој звук е вообичаен при промена на јачината на
електричната енергија.
НИКОГАШ не дозволувајте мали деца да ја употребуваат печката
или да си играат со неа. Ниту пак да бидат сами во близина на
печката додека таа работи. Предметите кои може да го привлечат
вниманието на децата не ги поставувајте на печката.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Обрнете внимание бидејќи пијалоците или храната можат да бидат
многу жешки по загревањето.
- Особено внимавајте дали храната е доволно изладена при
хранење на дете.
Обрнете внимание кога загревате течности како вода или други пијалоци.
- Промешајте за време или по готвењето.
- Избегнувајте користење на лизгави шишиња со тесно грло.
- Извадете го шишето најмалку 30 секунди по загревањето.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до ненадејно
претекување на содржината и изгореници.
ВНИМАНИЕ
GW73V_BOL-03416M_MK.indd 9
2010-05-20 7:48:40