може да се заглави и да доведе до губење на
контролата над електричниот алат.
l.
Никогаш немојте да го користите алатот со
оштетен кабел. Не допирајте го оштетениот
кабел и извлечете го приклучокот од штекерот
кога кабелот ќе се оштети за време на
работењето.
Оштетените кабли го зголемуваат
ризикот од електричен удар.
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
РАБОТНАТА МАСА
a.
Исклучете го прилучокот од изворот на струја
и/или патронот со батеријата од алатот пред
да правите какви било приспособувања или
менување на приборот.
Случајното вклучување на
електричниот алат е причина за многу несреќи.
b.
Правилно монтирајте ја работната маса пред да
го монтирате алатот.
Правилното монтирање е
важно за да се спречи ризикот од уривање.
c.
Безбедно прицврстете го алатот за работната
маса пред да почнете со употребата.
Електричниот алат кој „шета“ по работната
маса може да предизвика губење на контролата.
d.
Работната маса поставете ја на цврста, рамна
и нивелирана површина.
Ако работната маса
се лизга или се клати, електричниот алат или
работното парче не можат да бидат стабилно и
безбедно контролирани.
!
НОСЕТЕ ЗАШТИТА ЗА УШИТЕ (изложеноста на
јаки звуци и бучава може да доведе до трајно
оштетување на слухот)
!
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО
СОДРЖАТ АЗБЕСТ (азбестот се смета за
канцероген)
!
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА
РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА
ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои
видови прашина се сметаат за канцерогени); носете
заштитна маска против прашина и користете
правосмукалка за отпадоци, ако може да се приклучи
СПЕЦИФИКАЦИИ
Број на моделот
. . . . . . . . . . . . . . . . MS20
Влезна моќност . . . . . . . . . . . . . . . . . 70 W
Напон . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 220-240V~50/60Hz
Број на вртежи без оптоварување . . 1,500-2,250/min
Макс. длабочина на сечење . . . . . . .
18 mm
Длабочина на жлебот . . . . . . . . . . . .
250 mm
Должина на одот . . . . . . . . . . . . . . . .
8 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1,1 kg
Користете потполно одмотани и сигурни
продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од алатот.
ОПШТО
6
Електромоторната пила 2-во-1 е компактна пила за
изрежување која е многу лесна за користење. Може
да се користи било во стационарен режим на работа
кога алатот е прицврстен за основата, било во режим
на работа со држење в рака. Овој алат е наменет за
вршење на прецизни прави и заоблени сечења на
различни материјали, вклучувајќи меко дрво, тврдо
дрво, иверици, ламинати, PVC или меки лимени
плочи со помош на применливиот прибор којшто се
препорачува од Dremel.
A. Копче за откочување на папучата за притискање
B. Папуча за притискање
C. Јазиче за блокирање на граничникот
D. Шина за водење
E. Постолје
F. Порт за приклучување за уред за прашина
G. Прекинувач за вклучување/исклучување
H. Преклопник за бирање на брзина
I. Стегалки за фиксирање
J. Дупка за трајно прицврстување
K. Копче за брзо деблокирање
L. Јазиче за брзо менување на приборот
КОРИСТЕЊЕ
!
ИЗВАДЕТЕ ЈА ПРИКЛУЧНИЦАТА ОД ИЗВОРОТ НА
СТРУЈА ПРЕД ДА МОНТИРАТЕ, ПОДЕСУВАТЕ ИЛИ
ДА МЕНУВАТЕ БИЛО КАКОВ ПРИБОР.
Ваквите
превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот
од ненамерно вклучување на алатот.
ВШМУКУВАЊЕ НА ПРАШИНА
Алатот е опремен со приклучок за шмукање на
прашината. За да ја користите оваа функција,
приклучете црево од правосмукалка на овој приклучок.
СТАЦИОНАРЕН РЕЖИМ НА РАБОТА
Користењето на алатот во стационарен режим на работа
Ви дава слобода да сечете разновидни материјали,
држејќи го работното парче со обете раце. Во овој режим
на работа можете прецизно и лесно да се занимавате со
разни хобија или проекти за обработка на дрво.
1. Погрижете се основата да биде безбедно
прицврстена за рамна работна површина со помош
на приложените стеги
7
. Основата може да биде
перманентно прицврстена за работното постоље
со обични шрафови низ 2 дупки што се наоѓаат на
врвот од основата.
Немојте да седите или да се потпирате на
основата. Основата е наменета за потпирање на
материјалот што се сече.
2. Штом основата ќе биде обезбедена, прицврстете
го алатот на неа: првин провлечете го кабелот низ
дупката на основата, а потоа едноставно вметнете
го уредот во основата
8
. Алатот е безбедно
прицврстен кога уредот за рачна употреба и
стационарната основа се израмнети.
Во основата користете ја само електромоторната
пила Dremel. Не е предвидено на основата да се
користат други електрични алати.
3. Штом ќе го вметнете сечилото согласно
илустрацијата
9
, алатот е спремен за работа.
4. Вклучете го алатот и оставете го да ја постигне
вистинската брзина пред да отпочнете да го
обработувате парчето.
Немојте да вклучувате на „on“ и „off“ додека
алатот е под оптоварување.
Притиснете ја папучата врз Вашето работно парче за
да оневозможите искокнување.
За да ги минизирате вибрациите, држете го Вашето
работно парче со обете раце близу до сечилото.
Немојте прејако да го туркате Вашето работно парче
кон сечилото. Овие сечила се за деликатна примена.
Затоа е важно сечилото да има време да го пресече
материјалот. Прекумерниот притисок врз работното
парче ќе доведе до лом на сечилото.
Пред да почнете да работите на Вашиот проект,
h.
Рачките и површините за држење одржувајте
ги суви, чисти и неизмастени.
Рачките и
површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
СЕРВИС
a.
Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови.
На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО МАШИНАТА
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛИ
a.
Електричниот алат допирајте го само на
изолираните делови кога извршувате работи
при кои алатот за сечење може да дојде во
контакт со скриени електрични водови или со
сопствениот мрежен кабел.
Опремата за сечење
која ќе дојде во допир со жица под напон, може
да предизвика изложените метални делови од
електричниот алат да дојдат под напон и да
предизвика електричен шок за операторот.
b.
Користете стегалки или друг практичен начин за
обезбедување и потпирање на обработуваното
парче на некоја стабилна платформа.
Ако
работното парче го држите со рака или кон
своето тело, тоа го прави нестабилно и може да
изгубите контрола.
c.
Рацете држете ги подалеку од зоната на сечење.
Не се пресегнувајте под работното парче.
Контактот со листот на пилата може да доведе
до повреди.
d.
Употребете го алатот врз работното парче дури
откако ќе го вклучите.
Инаку постои опасност
од повратен удар кога алатот за сечење ќе се
заглави во работното парче.
e.
Кога сечењето ќе заврши, исклучете го алатот и
потоа извлечете го сечилото од засечокот дури
откако ќе се смири.
На овој начин можете да
избегнете повратен удар и можете безбедно да
го одложите алатот.
f.
Користете само остри, беспрекорни сечила за
пила.
Искривените или тапи сечила можат да се
скршат или да предизвикаат повратен удар.
g.
Не запирајте го сечилото со примена на
страничен притисок после исклучувањето.
Сечилото од пилата може да се оштети, да се
скрши или да предизвика повратен удар.
h.
Користете соодветни детектори за да утврдите
дали во работното подрачје има скриени
инсталации, или побарајте помош од локална
фирма за електродистрибуција.
Контактот со
електрични водови може да доведе до пожар и
електричен шок. Оштетувањето на гасоводната
инсталација може да доведе до експлозија.
Продирањето на вода може да предизвика
оштетување на имотот или електричен шок.
i.
Прицврстете го работното парче.
Работното
парче кое е прицврстено со уред за притегање
или кое е ставено на менмеге, е побезбедно
отколку кога се држи со рака.
j.
Рацете нека Ви бидат чисти.
Мешањето на
материјали е посебно опасно. Правот од лесни
легури може да се запали или да експлодира.
k.
Секогаш почекајте алатот потполно да се смири
пред да го положите.
Вметнатата алатка
91
Summary of Contents for MS20
Page 4: ...4 6 1 2 3 4 5 7 A B C E F G I H L K J J D ...
Page 5: ...5 8 9 ...
Page 6: ...6 A q A a A s ...
Page 7: ...7 A d ...