244
| Македонски
Носењето на електричниот алат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен алат
може да доведе до несреќен случај.
u
Користете само исправни, неизабени алати за
вметнување.
Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
u
При ставањето на алатот за вметнување,
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
u
Бидете претпазливи при завртување на долги
завртки, бидејќи постои опасност од лизнување, во
зависност од видот на завртката и користениот алат
за вметнување.
Честопати, долгите завртки не може
да се контролираат толку добро и постои опасност да
се слизнат при завртувањето и да се повредите.
u
Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите електричниот алат.
Доколку, на
пример, сакате да одвртите завртка, а правецот на
вртење е поставен за завртување на завртката, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
електричниот алат.
u
Не го користете електричниот алат како дупчалка.
Електричните алати со една спојка за исклучување не
се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и
без предупредување да се исклучи.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
ANGLE EXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30
Електричниот алат е наменет за завртување и
олабавување на завртки, навртки и други сврзни
елементи со навој во дадените граници на димензии и
моќност.
Електричниот алат не е погоден да се користи како
дупчалка; за да избегнете лични повреди и материјални
штети, никогаш не треба да го користите електричниот
алат со исклучна спојка за дупчење.
ANGLE EXACT
14CF | 22CF | 29CF
Електричниот алат поради неговиот бавен лев тек е
наменет за работа со отворен плоснат погон со гонет
запченик. Тој е погоден за завртувања на места каде има
пристап само од едната страна, на пр. на цевководи.
Не е погоден за олабавување на завртки.
Електричниот алат не е погоден да се користи како
дупчалка; за да избегнете лични повреди и материјални
штети, никогаш не треба да го користите електричниот
алат со исклучна спојка за дупчење.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Алат за вметнување (на пр. навртка за
завртување)
(2)
Прифат на алатот
(3)
Аголна глава на одвртувачот
(4)
Вилушкаст клуч со ширина 27 mm
(5)
Површина на клучот на прирабницата на аголната
глава
(6)
Вилушкаст клуч со ширина 22 mm
(7)
Лизгач за претходен избор на вртежен момент
(8)
Кука за закачување
(9)
LED-приказ на завртувањето на спојниците
(10)
LED-приказ на состојбата на наполнетост на
батеријата
(11)
Батерија со APT-приклучен контакт
(12)
Копче за отворање на батеријата
(13)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(14)
Прекинувач за менување на правецот на вртење
(15)
Отвори за прицврстување на држачот за
закачување
(16)
LED-држач
(17)
Прстен за обележување
(18)
Работна светилка
(19)
Површина на клучот на преклопната навртка
(20)
Контра-навртка
(21)
Полнач
(22)
Струен приклучок
(23)
Зелени LED-прикази на полначот
(24)
Црвени LED-прикази на полначот
(25)
Приклучен конектор за струен адаптер на 4EXACT
(26)
D-Sub-приклучок
(27)
Завртки на D-Sub-приклучок
(28)
Струен адаптер
(29)
Брзозатегнувачка глава
(30)
Алат за подесување
(31)
Клуч со внатрешна шестаголна глава
(32)
Плочка за подесување
(33)
Сигурносен прстен
(34)
Шуплина во телото на куќиштето
1 609 92A 4V1 | (05.03.2019)
Bosch Power Tools