16
МАКЕДОНСКИ
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги
понудените решенија.
Ова е нормално.
•
Кондензација во внатрешноста на печката.
• Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
• Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
• Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето за
ВРЕМЕ
.
•
Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
•
Дали правилно сте го поставиле времето?
• Дали вратата е затворена?
• Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на
осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
•
Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на
храна?
• Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично празнење).
•
Дали сте користеле сад со метални делови?
• Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на
печката?
• Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
Светилката не работи.
• Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни
причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа
за корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени
светилката.
Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.
•
Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај радиоприемниците
или телевизорите. Ова е нормално. За да го отстраните проблемот, поставете ја
печката подалеку од телевизорите, радиоприемниците и антените.
Садови
Погодни за
микробранова
печка
Коментари
• Рециклирана
хартија
✗
Може да предизвика искрење.
Пластика
• Кутии
✓
Особено ако е отпорна на
топлина. Некои пластики
можат да се искриват или да
ја загубат бојата при висока
температура. Не употребувајте
пластика од меламин.
• Фолија
✓
Се користи за задржување на
влагата. Не треба да ја допира
храната. Внимавајте при
отстранување на фолијата,
може да излезе врела пареа.
• Кеси за
замрзнување
✓ ✗
Единствено ако се отпорни на
вриење и загревање. Не смее
да е херметички затворено.
Боцнете со вилушка доколку е
потребно.
Восочна хартија или
хартија отпорна на
маснотии
✓
Се употребува за да ја задржи
влажноста и го спречува
расипувањето.
✓
: Се препорачува
✓✗
: Користете внимателно
✗
: Не е безбедно
ME71A-BOL_DE68-03794C-01_MK.indd 16
2013-08-02 �� 3:34:41