6
МАКЕДОНСКИ
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на
височина од 85 cm од подот. Површината треба
да е доволно цврста за да ја издржи тежината на
печката.
1.
Кога ја поставувате печката,
оставете соодветен простор за
вентилација од најмалку
10 cm (4 инчи) одзади и од страните
и 20 cm (8 инчи) одгоре.
2.
Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на
печката.
3.
Поставете ги кружниот прстен и плочата.
Проверете дали чинијата се врти слободно.
(само модел со вртлива плоча)
4.
Микробрановата печка треба да се постави така
да приклучокот биде достапен.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора
да се замени од страна на производителот,
сервисерот или други квалификувани лица со
цел да се избегнат несакани ситуации.
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во
соодветен AC приклучок со заземјување.
Не поставувајте ја микробрановата печка
во топла и влажна околина како на пример
во близина на шпорет или радијатор.
Спецификациите за напојување на печката треба
да се почитуваат и секој продолжителен кабел
треба да ги задоволува истите стандарди кои
важат за кабелот кој се испорачува со печката.
Пред првото користење на микробрановата
печка избришете ја внатрешноста и вратата за
затворање со влажна крпа.
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да
се чистат редовно за да не се таложат остатоци од
маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
(само модел со вртлива плоча)
СЕКОГАШ
проверете дали шарките од вратата
се чисти и дали вратата е добро затворена.
Неодржувањето на печката во чиста состојба
може да ја оштети површината и да го расипе
уредот или да предизвика несакани опасни
ситуации.
1.
Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла
10 cm
одзади
20 cm
одгоре
10 cm од
страна
85 cm од
подот
ME71A-BOL_DE68-03794C-01_MK.indd 6
2013-08-02 �� 3:34:33