Македонски
362
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
опкружувања
• Исклучувајте го Вашиот уред во потенцијално експлозивни
опкружувања.
• Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш
придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците.
• Не користете го уредот на места каде што се полни гориво
(бензиски станици), во близина на горива или хемикалии, или во
области каде што се врши рушење со експлозиви.
• Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или
експлозивни материјали во истиот простор каде што се наоѓа
уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.
Ако забележите чуден мирис или звуци што доаѓаат од Вашиот
уред или батерија, или ако забележите чад или протекување на
течности од уредот или батеријата, престанете со користење на
уредот веднаш и однесете го во сервисен центар на Samsung
Во спротивно може да дојде до пожар или експлозија.
Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и
прописи коишто се однесуваат на употребата на уредот додека
возите.
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување
со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите,
ако тоа е забрането со закон.