Македонски
360
Спречете повеќенаменскиот приклучок и малиот крај на
полначот да дојдат во контакт со проводливи материјали,
како што се течности, прав, метален прав и графит. Не
допирајте го повеќенаменскиот приклучок со остри алати и не
предизвикувајте удари врз повеќенаменскиот приклучок
Проводливите материјали може да предизвикаат краток спој или
корозија на терминалите, што може да резултира со експлозија
или пожар.
Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата
• Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот, или до
експлозија или пожар.
• Децата или животните може да се задушат со ситните делови.
• Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го
користат.
Не ставајте го уредот или испорачаниот дополнителен прибор
во очите, ушите или устата
Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни повреди.
Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion) батерија
што истекува
За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија,
контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Внимание
Доколку не се придржувате до безбедносните
предупредувања и прописи, може да настанат
повреди или оштетување на имотот
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали.
Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите
електронски уреди.