Склопување шишиња
Кога ќе го склопувате шишето, ставете го капакот во форма на купола вертикално на шишето, така што цуцлата
ќе стои исправено (Сл. 24). За да го отстраните капакот во форма на купола, ставете ја раката врз него, а палецот
во вдлабнатината на капакот во форма на купола (Сл. 25). Цуцлата полесно се става ако ја провртувате нагоре,
наместо да ја влечете нагоре во права линија (Сл. 26). Осигурете се дека сте ја провлекле цуцлата до израмнување
на нејзината површина со површината на прстенот за навртување (Сл. 27).
Загревање на мајчиното млеко
Доколку користите замрзнато мајчино млеко, оставете целосно да се одмрзне пред да го загреете.
Забелешка: Во итен случај, можете да го одмрзнете млекото во сад со топла вода.
Загрејте го шишето или чашата за чување мајчино млеко во кои има разладено мајчино млеко во сад со топла
вода или во затоплувач на шишиња. Отстранете ги прстенот за навртување и дискот за дихтување од шишето или
отстранете го капакот од чашата за чување мајчино млеко.
Секогаш промешувајте ја или протресувајте ја загреаната храна за да обезбедите рамномерна распределба на
топлината и проверувајте ја температурата пред да ја послужите храната. Особено внимавајте кога загревате
храна во микробранова печка, бидејќи загревањето храна во микробранова печка може да резултира со високи
температури на одредени места.
Забелешка: Не препорачуваме загревање на мајчиното млеко во микробранова печка, бидејќи кога мајчиното млеко
ќе стане претопло се оштетуваат хранливите материи и витамините.
Забелешка: Можете да купите и употребувате загревач на шишиња на Philips Avent за да го загреете млекото.
Одржување и чување на шишињата
Пред секоја употреба треба да се проверат шишето и цуцлата за хранење и да се влече цуцлата за хранење во
сите насоки за да се спречи опасност од задушување. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или ослабување.
Од хигиенски причини, препорачуваме да се заменуваат цуцлите по 3 месеци. Чувајте ги цуцлите во сув, покриен
сад. Кога не се користат, не изложувајте ги цуцлите на сончева светлина или топлина и не оставајте ги во средство
за дезинфекција („раствор за стерилизација“) подолго од препорачаното, затоа што тоа може да ги ослаби
цуцлите. Не ставајте во загреана рерна. Чувајте ги шишињата на суво место.
Дополнителни информации
Цуцлите на Philips Avent се достапни со различен проток за да му се помогне на вашето бебе во пиењето.
Со текот на времето, можете да ја промените цуцлата за да одговара на индивидуалните потреби на вашето бебе.
Одбирање правилна цуцла за вашето бебе
Цуцлите на Philips Avent се достапни со различен проток за да му се помогне на вашето бебе во пиењето.
Со текот на времето можете да ја промените цуцлата за да одговара на индивидуалните потреби на вашето бебе.
Цуцлите на Philips Avent се јасно означени со број на страната за да се покаже протокот (видете слика). Осигурете
се дека користите цуцла со правилен проток кога го храните вашето бебе. Доколку вашето бебе се задавува, му
протекува млекото или има тешкотии во приспособување на брзината на пиење, користете цуцла со помал проток.
150
Македонски
Содержание SCF332
Страница 1: ...SCF334 SCF332 ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...SCF334 Fig A SCF332 1 2 4 5 14 15 16 17 18 13 7 6 8 10 11 12 3 9 ...
Страница 4: ......
Страница 5: ...English 6 Hrvatski 28 Română 51 Slovenščina 74 Ελληνικα 95 Български 118 Македонски 140 Srpski 162 ...
Страница 184: ......
Страница 186: ...27 28 1 2 30 29 24 25 26 ...
Страница 187: ......
Страница 188: ...4213 354 4005 2 www philips com 75 recycled paper ...